Златно ослободување на Русија од доларот

Русија забарзано напредува во диверсификација на своите меѓународни резерви за да се ослободи од евентуално погубната зависност од американскиот долар. Само во февруари, во своето чекмеже додале нови 31 тон злато и за еден месец отсвариле добивка од 10 милијарди долари на име на зголемената цена на нивните златни резерви.

Според податоците од руската централна банка, златните резерви на Русија во февруари пораснале за 31,1 тон за на први март да достигнат 2.149 тони.

Неколку извори од сферите на меѓународните финансии, за Блумберг рекле дека златото може да стане проблем ако повеќе земји својата стратегија слична на онаа која ја има Русија. Американските партнери како што се Франција, Полска и Унгарија веќе се имаат впуштено со слични купувања злато или сè погласно ја оценуваат својата зависност од доларот како проблем на суверенитетот.

Забрзаната руска набавка на злато влијаеше на пораст на глобалната цена на златото последниве години. Денес таа е 20% поголема од онаа во 2016 и достигна ниво од 1.300 долари за унца,

Економистите проценуваат дека само во изминатиот месец, руската централна банка остварила добивка од најмалку 10 милијарди долари благодарејќи на зголемување на својот имот во злато.

1 април 2019 - 14:15