Само копиљаци ли да заработуваат од Фортнајт?

Двајца главни луѓе на две различни компании дојдоа на удар на јавноста. Првиот заради тоа колку пари земал водејќи ја моментално најпопуларната видео игра на светот. Другиот затоа што го брани. На првиот му се може, на вториот му се може.

Првиот човек на австралискиот телеком гигант Телстра застана во одбрана на 34% покачување на платата на неговиот колега од Фортнајт, Ендрју Пен, кој оваа година ќе ја заврши со пакет од 5 милиони долари. Од нив 2,6 милиони се бонуси за исполнети таргети пошто на Фортнајт му оди многу добро. Лани Пен заработил 3,8 милиони.

Џон Мулен од Телстра вели дека е многу фер извршен директор да завршува со пристојна сума бидејќи на работата го посветува својот живот, енергија и време. 

„Не ми е јасно како сами ние треба да сме запоставени. Денес дете може да заработи 5 милиони од Фортнајт. Дури и инфлуенсер може да заврши со милиони само затоа што облекол некоја јакна или се сликал до нешто. А од друга страна, кога извршен директор кој е на врвот на својата професија и кој во неа вложува огромен дел од својот живот ќе биде добро награден, тоа одеднаш станува морален проблем,“ вели Мулен.

Во август оваа година, тинејџер од Мелбурн заработи 4,62 милиони долари во турнир на Дота 2, што е повеќе од годишната заработувачка на тенисерот Ник Кирјос.

Мулен може лежерно да ги брани платите денес, тешко да го кажеше истово ова лани. Минатата година акционерите на Телстра со 62% ги одбија предлозите за зголемувања на менаџерските плати и бонуси. Годинава истите ги одобрија со над 95% од гласовите. Затоа што лани акциите им беа тапа а годинава им се добри.

16 октомври 2019 - 13:52