Најсиромашните 50% од САД имаат помалку пари од тројцата најбогати

Бил Гејтс, Џеф Безос и Ворен Бафет имаат исто богатство колку и најсиромашните 160 милиони Американци заедно. Тројцава вкупно имаат 248,5 милијарди долари, што според Институтот за истражување политики е повеќе отколку што имаат 160-те милиони најсиромашни во земјата.

Инспирација за анализата е предлогот на Трамп за даночни измени кои според Институтот ќе доведат до тоа 80% од даночните субвенции да завршат кај најбогатиот 1% од домаќинствата.

Пресметката што ја прават е базирана на бројките на магазинот Форбс кои покажува дека 400-те најбогати луѓе во САД од нивната листа имаат заедничка вредност од 2680 милијарди долари, што е повеќе отколку БДП-то на Британија.

Форбс 2017 ја прогласи за рекордна година за најбогатите луѓе во САД, и дека цената за влез во „најексклузивниот клуб во земјата“, топ 400 листата, пораснала за речиси 18% и сега изнесува 2 милијарди долари. Ова е 10 пати повеќе од сумата потребна да се влезе на првата листа на Форбс од 1982-ра. Дополнителната анализа на списокот покажува дека меѓу 400-те има само двајца црнци и 5 латиноси.

9 ноември 2017 - 16:33