Маркетинг буџетот на Самсунг е поголем од БДП-то на Македонија

Самсунг во 2014-та на маркетинг низ светот планира да потроши 14 милијарди долари. За 2013-та вкупната вредност на македонскиот БДП изнесува околу 10 и нешто милијарди долари.

Иако сумата е неколку пати поголема отколку парите што ги плати Гугл за да го купи бизнисот со мобилни на Моторола, Самсунг се води од тоа дека рекламите ќе им помогнат за освојување на пазар вреден 227 милијарди долари.

Самсунг на маркетинг троши 5,4% од годишните приходи, што е повеќе од која било друга топ 20 компанија во светот. За споредба, Епл троши само 0,6%, додека Генерал моторс околу 3,5% од приходите ги дава на реклама.

Во одбрана на џиновскиот буџет (кој ќе биде користен и за другите производи на Самсунг, машини за перење, фрижидери...) одат и бројките од продажбата на смартфони, каде секој 3 продаден смартфон во светот е произведен од Самсунг, а самиот бренд Самсунг е помоќен од Андроид или кој било друг производител на смартфони, освен Епл.

29 ноември 2013 - 17:27