Магијата на фармерките на Лидл од 475 денари

Како е можно денес на скапиот Запад  да се понудат фармерки за помалку од 500 денари? Лесно. Жената од евтиниот Исток која ги направила ќе ја платиш 23 денари за десет пара.

"Абракадабра! Духот од ламбата на Лидл направи фармерки од 5,99 фунти!" гласат платените наслови привлекувајќи внимание на супер цифрата која за својот џинс ја извади германскиот ритејлер.

А цената навистина супер, фармерките на Лидл чинат само една третина од оние на Теско и токму цената е главното оружје со кое овој ланец ја продолжува војната против традиционалните супер-маркети освојувајќи го и полето на уличната мода.

Се разбира, зад ваквата цена не стои ни духот од ламбата ниту Хари Потер. А ниту пак  робусната купувачка моќ на Лидл да издејствуваат одлични набавни цени не се целата приказна. "Магијата" е во рацете на некоја жена од Бангладеш и нејзината мизерна плата.

Фармерките се правени во фабрика во Бангладеш и нивните цени точно се знаат: патентот е 10 пени, копчето е 4 пени, нитните по едно пени за парче (овие на Лидл немаат нитни). Останува цената за сето тоа некој да го склопи.

Повеќето шивачки во Бангладеш се на минималец од 5,300 такаши месечно (48 фунти = 3.800 денари).Тоа е околу 23 пени на час, за 8 часа/шест ден во неделата. Истражувањата велат дека во Индија текстилните работнички во просек прават по 20 пара фармерки на ден а Тунижанките се уште побрзи па успеваат да произведат 33 пара дневно. А во Бангладеш се супер брзи -  екипа од 25 работнички вадат 250 фармерки на час, тоа е 10 фармерки на час од една жена, 80 за целиот ден.

И така се доаѓа до магијата, за пар фармерки од Лидл, жената која ги направила добила меѓу 2 и 9 пени.

Не е магија, експлоатација е.

14 март 2016 - 09:49