Амазон стигна до неверојатен данок од 0 долари на профит од 11 милијарди долари

Втора година по ред Амазон нема да и плати ни долар данок на профит на американската држава. И ова, ненамерно, значително е помогнато од политиките на Трамп.

Јавно се знае дека од голема помош за Амазон е одлуката на Трамп да ја намали даночната стапка од 35 на 21 процент, меѓутоа остатокот од приказната како се стигнува до нула, не е баш најјасен.

„Тешко е да се знае што точно прават. Во нивните јавни документи тие не ја објаснуваат својата стратегија. Па нејасно е кои точно олеснувања ги користат. Тие само општо наведуваат - даночни олеснувања,“ објаснува директорот на Институтот за даночење и економска политика Стив Вамхов.

За 2017, Амазон објави профит од 5,6 милијарди долари, за што повторно имаше 0 долари данок.

Што е до компанијата од таму објаснуваат дека тие ги имаат платено сите даноци што им стигнале за плаќање, плус потсетуваат дека за изминатите 3 години имаат платено корпоративен данок од 2,6 милијарди долари.

Иако е крајно про намалување на данокот за богаташите, за Трамп е сериозна болка тоа што компанијата на Џеф Безос е меѓу оние кои имаа најмногу корист од овие олеснувања. Заради ова, тој најави нов закон „кој ќе стави крај на олеснувањата за специјалните интереси и дупките во оданочувањето“.

18 февруари 2019 - 10:21