Најнасилното ривалство во фудбалот, Гробари и Делии

Вајс открија дека Гробари и Делии не се сакаат меѓу себе (до економијата било) и во таа чест одат до Белград да снимаат што се случува за време на „Вечно дерби“.

Како што е ред за секоја репортажа од овие простори што не сака премногу да се замрсува во тоа што и како се случувало во минатото, и оваа почнува со распаѓањето на Југославија („падот на комунизмот“), говорот на Милошевиќ во Косово („... нико не сме да вас бије...“) и војните низ екс-Југославија. (Како ретко кој добро поткован меѓународен медиум Вајс спектакуларно се бламира околу границите на Југославија, а потоа и на Србија.)

Репортерот Бен Фергусон решава Белград да го шета со гробарите, и најголемиот дел од приказната е од нивната страна, иако ништо посебно не ги велича нив во однос на делии.

Освен парадата на гробарите пред дербито и краткото лупање со полицијата, тој го снима и судирот на делиите со полицијата на трибините на Маракана.

Двете групи ги раскажува како насилен исход на она што се случувало на територијата на екс-Ју и Србија, како и денешната ништо подобра економска состојба во земјата, па демек младите го гледаат ова (тепање и убивање меѓу себе) како издувен вентил.

Во целиот престој во Белград и дружење со навивачите, Фергусон успева да не разбере ништо околу учеството во трговија на дрога на двете навивачки групи и борбите за превласт што се случуваат во нив, објаснувајќи дека двете групи се финансираат од парите собрани од продажба на најразлични навивачки

Неодамнешната крвава драма што се случи на трибините на Стадионот на ЈНА, според непотврдени (и радикално ѕвездашки) извори, е токму резултат на борбата за контрола на трговијата со наркотици меѓу Гробарите.

Ѕвездашката верзија за насилствата на трибината на Гробарите гласи:

„На кратко. Беше обид за преземање на трибината (читај синџирот за трговија со наркотици). Се знае дека биле 3 помлади екипи: Јанг бојс, Вандали од Белград и некои од Нови Сад. Хрватите се изнајмени. Исто така постои дел од главната екипа Алкатраз, кој е исфрлен пред неколку години и сега се збори дека тие стојат зад организацијата.

На почеток имаа доста успех и реално ќе успееа да ја преземат трибината. Ама намазаните од Алкатраз им пуштија приказна дека улетале Цигани и тогаш цела трибина има еба матер на тие што не избегаа. И тоа неутралци, Гробари Требиње, Гробари Никшиќ, Република Српска, итд...

На крај овие што не избегаа ги претепаа, ги соблекоа голи, ги држеа на дното на трибината некое време и ги газеа, па после ги фрлија на атлетската патека.“

 

22 декември 2017 - 09:56