Како заврши босанскиот бургер на Џејми Оливер?

На веб сајтот на популарниот готвач решаваат да обрнат внимание на босанската кујна па понудуваат рецепт за плескавица. Во рецептот, ставаат и свинско. Ете ти беља.

Еве го "ексклузивниот' рецепт за босанска плескавица од сајтот на Оливер.

  • 250 грама мелено јунешко
  • 250 грама мелено свинско
  • 250 грама мелено телешко
  • 1 кромид, ситно исечкан
  • едно лукче, здробено
  • една мала лажичка црвен пипер
  • сол, бибер.
  • се сервира во наполу пресечена лепиња

(и потоа стандардниот метод на правење пљески, сè се меша, се остава смесата да одмори па се прават плескавиците).

Првиот коментар е од Ениса кој сугерира дека "Босанската кујна не трпи свинско, Босанците не јадат свинско, никогаш".

Ѝ одговара Саша кој ѝ вика дека ја фалсификува босанската кујна заради својата религија па ја прашува, зошто не тврди и дека Босанците не пијат вино? 

maybe because your 'babo i amidza se napiju redovno, bas 'nako kako vjera nalaze?

Кавгата започнува па еден коментатор им го вика ова:

Луѓе, дали сте вие нормални пак да почнувате со истото старо срање? Може ли да постои ЕДНА статија поврзана со Балканот а вие копиљаците да не почнете да се мавате она, со свинско против несвинско, дали Босна е вистинска држава или не, дали правиот бурек е само со месо или може и со кавијар.... Дали ви се верува дека сте нашле рецепт за ебена плескавица и сте го претвориле во ова?

Џабе.

Луѓето имаат уште по нешто да додадат. Да речеме дека вистинската плескавица не се служи во лепиња туку во сомун, дека не се става пиперка како на сликата и слични живототворни прашања.

Тука и рецептот и коментарите направени според автентичните балкански рецепти за глупо кавгање. 

29 октомври 2014 - 09:45