ИНА испрати колона цистерни за јахтата на Абрамович

Дубровник е една од редовните точки на застанување на Еклипс, втората по големина јахта во светот. Овој пат "пит-стопот" беше и со полнење гориво.

За потребите на јахтата на Абрамович, ИНА на дубровничкото пристаниште Груж испрати 25 цистерни со евродизел. Пословни дневник објавува дека во Еклипс наточени се вкупно 800.000 литри евродизел, а испораката траела околу 27 часа.

Јахтата на Абрамович со должина од 163 метри е втора по големина јахта во светот, изработена е во Германија по нарачка на рускиот тајкун на кого му е испорачана на 9-ти декември 2010. Во тоа време таа е најголемата јахта на светот. Првото место го губи во 2013 од јахтата Азам, која е подолга 17 метри и е во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати.

Цената на Еклипс се движи околу 340 милиони евра, а за овие пари добива 4 мотори со вкупна сила од 39.700 коњски сили, плус една мини подморница. Во неа има 24 гостински кабини, неколку јакузија и два базени. За управување на јахтата и услужување на гостите потребен е екипаж од 70 луѓе.

 

11 септември 2017 - 14:29