Грците незадоволни од тоа како почна кампањата за менување на името

Пишувајќи дека Владата започна со официјалниот дел од убедувањето на сопствениот народ да го смени името на сопствената држава, Грикрепортер не е ни најмалку воодушевен како сето тоа уште почеток изгледа издишано.

Под наслов „Кампањата за референдум за ’Северна Македонија’ започна со малку фанфари“ весникот со разочарување пишува дека ова не е придружено со никакви „очигледни знаци на активност од политичките партии и кампањи.“

Во текстот, во кој неколку пати се споменува „Северна Македонија“ (наспроти кампањите на македонската влада кои како поделена личност и понатаму пишуваат Македонија додека те убедуваат да гласаш за менување на името во Северна Македонија), зачуденоста е што и „За“ и „Против“ се крајно млаки во својот настап.

Тие дополнуваат дека референдумот на 30-ти септември ќе се однесува на кандидатурата на земјата во НАТО и ЕУ и прифаќање на договорот со Грција околу името.

8 август 2018 - 17:47