Грција со закон ќе воведува задолжителен он-лајн шопинг

Откако ниту една претходна мерка не помогна плаќањето данок малку од малку да пркне, Грците сега ќе пробаат оваа навика да ја всадат преку користење картички.

Во иднина сите Грци се приморани една третина од своите приходи да ја трошат електронски, а за неисполнување на квотата следуваат значителни финансиски казни.

Очекувањето е дека со оваа мерка грчкиот буџет годишно ќе собере уште околу 500 милиони евра во данок.

Под електронски, освен интернет, се подразбира користење дебитни картички, кредитни картички, банкарски трансакции и се останато што ќе остави каква било електронска трага за потоа државата да може да даночи. За неисполнување на оваа должност е предвидена казна од 22% на разликата до 30%.

Грција има најголема сива економија во рамките на ЕУ, а и во споредба со добар број држави вон Унијата.

10 декември 2019 - 11:53