Засадени писма на читатели

Моментално ја валидираме хипотезата дека постојат корисници што би сакале индиректно да влијаат на CO2 нивоата во атмосферата. Во минативе две недели стигнавме до две конверзии, имаме две дрвја за садење :)

Здраво Трендо,

Моето име е Михаил, пред две недели го започнав Treebanks, иницијатива да се засадат милион дрвја во Македонија. Идејата е со помош на афилиејт маркетинг и парнерства со сајтови за патување да се обезбедуваат средства за садници за дрвја и нивно засадување. Во детали е објаснето во слединов блог пост Lets fight CO2 together, lets plant millions of trees

Тимот има разновидна позадина, од софтверско инжинерство, учество во стартапи, до менаџирање на екологија на Рудник, производство на садници, производство на хумус. Има повеќе информации во блог постот што го линкнав погоре.

Моментално ја валидираме хипотезата дека постојат корисници што би сакале индиректно да влијаат на CO2 нивоата во атмосферата. Во минативе две недели стигнавме до две конверзии, имаме две дрвја за садење :), го зголемивме бројот на видови што ќе ги садиме од еден на три видови, ги мигриравме садниците од обични во контејнерски за да можат да се сеат во тек на цела година. Правиме фрејмворк за полесно терање на бирократија за дозволи за садење, фрејмворкот ќе биде јавно достапен доколку има корисници кои сакаат да делуваат на своја рака.

Во идина планираме да направиме гуру кампањи со QR кодови, упатства за правилно засадување, информативни содржини за дрвјата.

Се надевам дека на вашата редакција ќе и се допадне оваа идеја. И дека наредната година ќе се најдеме на листата на позитвини статистики за 2019.

Поздрав,
Михаил

24 декември 2018 - 13:02