писма на читатели

Штипска рехабилитација 2

Не знам дали се сеќаваш кон крајот на 2014 година ти испратив фотографии и краток текст од Штипската терапија за рехабилитација на болни. Тогаш тие фотографии направија навистина голем импакт и во име на болните луѓе кои се таму сум ти благодарен за тоа. Тогаш надлежните рекоа дека Бањата Кежовица се затвора и ќе се реновира.

И така беше, ја затворија на неколку дена и се преправаа дека се реновира.

Неодамна мој драг пријател за жал мораше да оди на третмани таму и ужаснат од сликата ми прати нови фотографии, направени пред 4-5 дена. Очигледно е дали е реновирана или не. Не знам дали треба повторно да се објават фотографиите да ги гледа јавноста или не, но јас повторно чувствувам потреба да ги споделам.

Во овој втор случај не е проблем само ужасните слики проблем е што целата јавност ја излажаа дека терапијата ќе се реновира и го користат нашето молчење и нереагирање за да им помине тоа.

Сега јас лично не одам таму но од информациите кои ги добив од пријателот бањата мириса ужасно, на мувла, вработените се крајно демотивирани (имај предвид дека таму, во такви услови работат лекари- специјлисти со 10 годишно образование) и сè е во распаѓање.

Претходно: Писма на читатели: Штипска рехабилитација

26 мај 2016 - 12:54