Преименувани писма на читатели

Здраво Трендо,
Изгледа вицот „Што прави грчки вирус во компјутер - менува имиња“ по сè изгледа е вистинит.

Имено, веќе подолго време на Google Maps името на плоштадот Македонија е сменето во Plostad Vardarska и за да се алудира од каде потекнува тој назив локацијата е поместена во Вардар (види слика).

Јас направив Report нa data problem кон Google но добив одговор дека корекцијата не е прифатена.

Дополнително, деновиве гледам дека и името на Археолошкиот музеј на Македонија е сменето во Archaeological Museum of Vardarska. Не ми е јасно како никој до сега не реагирал на ова. Затоа, те молам ако можеш да го актуелизираш овој проблем.

Поздрав,
Дарко

********

Ок дечки. Гледате, шупците не се умориле. Не бидете уморни ни вие. Ви спремивме мало упатство како се прави тоа:

9 март 2017 - 13:29