Писма на читатели кои знаат каде тргнале

Драг Трендо,

Гледаме дека преземате текстови од други страни како на пример:

https://off.net.mk/na-dnoto/foto-dzvezdata-od-avatar-meditira-na-livada…

https://off.net.mk/na-dnoto/vlatko-ilievski-ja-griza-katarina-ivanovska

Би сакал да прашам дали иде тоа, рандом од вас самите или правите некаков платен маркетинг на другите сајтови за кој и ние би биле заинтресирани!

Во очекување на Ваш одговор

Поздрав и убав ден

----------

Здраво друштво,

Ни првото ни второто, ама повеќе првото.

Не земаме од никого никакви пари, што е сигнал колку сме ние наивни бидејќи не сме ни помислиле дека од тоа можат да се прават пари. 

Ги пренесуваме тие статии џабе, не баш било кои, туку оние кои според изборот на темата и начинот на обработка заслужиле да се најдат во таа рубрика.

Порталите добиваат посети и препознатливост на брендот, а ние си ја наградуваме нашата истражувачка љубопитност талкајќи по беспаќата на македонскиот интернет.

Искрено, ме забезекна вашата заинтересираност да стигнете таму. Ако е тоа ваша конечна одлука, трудете се и работете на тоа, бидејќи со упорност, не постои дно што не може да се допре.

Па, се читаме, бесплатно.

Т.

 

28 февруари 2014 - 14:49