Логични писма на читатели

Па целата таа криминална приватизација, војната 2001-ва, отсуството на елементарна култура и емпатија, нефукционирање на институциите, вработување на роднини и швалерки, масовната умирачка на козите на комшиите, неплаќањето куќен совет, окупацијата на тротоарите од несовесни возачи и кафанџии... сето тоа било САМО поради името ???

Повод: Пола Романци се на минималец

Користејќи ја елементарната логика на Шерлок, ако со новото име нè чека прогрес, излегува дека ние 20 години сме тонеле токму поради името???

Па целата таа криминална приватизација, војната 2001-ва, отсуството на елементарна култура и емпатија, нефукционирање на институциите, вработување на роднини и швалерки, масовната умирачка на козите на комшиите, неплаќањето куќен совет, окупацијата на тротоарите од несовесни возачи и кафанџии... сето тоа било САМО поради името???

Иако прашањето е реторичко/саркастично,сакам да го поставам во сериозен контекст до заговорниците на новото "име" (и покрај тоа што најверојатно ќе ме заболи глава од одговорот).

Лазар Зафировски

п.с. Инаку не ги знам законските и правни рамки али ако ви треба, имате дозвола јавно да го објавите текстот, ако може полиидиотико да има глас или масовност, зашо па да немаат некои други, неспоредливо поразумни и поаргументирани?

11 јули 2018 - 10:44