Буџетарски дообјаснувања на читатели

Статијата на Гардијан зборува исклучиво за овој вториов, помал дел, дел што Трамп сака во најголем дел да го потроши на оружје. Меѓутоа, Гардијан тоа не го кажува доволно јасно, па читателот може да сфати дека Трамп сакал на војска да троши на 60% од ВКУПНИОТ буџет.

Повод: „62 центи од секој долар во американскиот буџет би требало да заврши кај војската“

Ова е бесмислица и потекнува од неразбирањето на функционирањето на усашкиот буџет, неразбирање на кое - се надевам - се должи несмасното пренесување на Гардијан (и, следствено, офф.нет).

Имено, ВКУПНИОТ буџет на сад е поделен на 2 големи дела:

1. Задложителен (mandatory) буџет. Тука отпаѓа отприлика 2/3 од вкупниот буџет. Ова се пари кои однапред се знае за што и како ќе се потрошат, согласно со законите.

2. Дискреционен (discretionary) буџет. Tука отпаѓа околу 1/3 од вкупниот буџет. Ова се пари кои можат да се трошат според политичка одлука.

Статијата на Гардијан зборува исклучиво за овој вториов, помал дел, дел што Трамп сака во најголем дел да го потроши на оружје. Меѓутоа, Гардијан тоа не го кажува доволно јасно, па читателот може да сфати дека Трамп сакал на војска да троши на 60% од ВКУПНИОТ буџет, што е бесмислица. Ниту една земја не троши ни приближно толкав процент на оружје... освен можеби Северна Кореа.

Од вкупниот буџет, САД трошат убедливо најмногу пари на здравство (да, добро прочита, на здравство). Здравствениот буџет им е речиси двојно поголем од воениот. На второ место се social services, а војската е на „далечното“ трето место според процент од одвоени пари од вкупниот буџет.

Во прилог, еве ја статијата на која што реферира Гардијан (и од која заборавил да пренесе некои клучни детали, како зборчето "discretionary" пред "budget"):

https://www.nationalpriorities.org/blog/2019/03/11/trumps-fy2020-budget-request/

Еве ја и „питата“ на ВКУПНОТО буџетско трошење во САД:

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/57/U.S._Federal_Spending.png

Поздрав,

Филип

2 април 2019 - 11:45