Во пенал завршница ЈСП го совлада Трансмет

Екипите на Лукоил и ЈСП се првите полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија откако во првата нокаут фаза ги елиминираа Пекабеско и Трансмет.

Во брз и динамичен фудбал Лукоил до победа над Пекабеско
Лукоил 6-1(1-0) Пекабеско
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 18’ 25’ 34’ Марјан Цветковски 27’ Љупчо Апостоловски 28’ Дејан Зиков 40’
Пекабеско: Дејан Неделковски 35’
Final 8 фазата ја отворија екипите на Лукоил и Пекабеско.

Уште на самиот старт и двете екипи наметнаа жестоко темпо што најави квалитетен и динамичен натпревар. Екипата на Лукоил преку контра напад успеа да поведе со 1-0, резултат кој го задржаа до крајот на првото полувреме кое го добија со истиот. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обидуваше со притисок во предно поле да дојде до израмнување што му овозможи на Лукоил да разве брз контра напад преку кој успеа резултатски да се одлепи. Во ваквата игра екипата на Лукоил ја одржа стекнатата предност до самиот крај и дојде до победа од 6-1.

Во пенал завршница ЈСП го совлада Трансмет
ЈСП1-1(1-1) Трансмет (4-3 по пеналите)
ЈСП: Љупчо Павловиќ 17’| Даниел Антовски(п) Дејан Блажевски (п) Велко Серафимовски (п)
Трансмет: Бобан Велјановски 18’| Живко Стојковски(п) Един Скендеровиќ (п)
Во вториот четверт финален дуел силите ги одмерија екипите на ЈСП и Трансмет.

И двете екипи влегоа во доста агресивно, мотивирано и со огромна желба за победа, во текот на целото прво полувреме се играше егал натпревар во кој и двете екипи даваа максимум во секоја минута од полувремето. Екипата на ЈСП преку Љупчо Павловиќ во 17та минута прва дојде до водство по што следеше брз одговор од Бобан Велјановски од екипата на Трансмет кој за нецела минута успеа да израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме се играше доста агресивно на ивица на фаул па од тука и малкуте шанси За гол и на двете страни. И оние шанси за гол кои беа изработени од добри напади беа блокирани од цврстата одбрана на која впрочем беше и ставен целосен акцент. Во текот на целото второ полувреме ниту една од екипите не успеа да постигне гол по што се влезе во пенал завршница. Во ваквата завршница екипата на ЈСП се чини дека беше по присебна и успеа да извојува победа и влез во Ф4 фазата по изведувањето на пеналите.

16 мај 2017 - 10:09