Тимотеј Нешовски ја предводеше Уника до победа над МЕСПО

Гранит и Уника славеа победи во вториот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија, а ЈСП и Маркарт ги поделија бодовите.

Гранит со голман играч до победа надL.C. Waikiki

Гранит 7-3(5-0)L.C. Waikiki

Гранит: Стефан Тевдовски 18’ 36’ Дарко Петров 10’ 15’ Николче Глигуровски 6’ 23’ Пепи Мицев 17’

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 39’ Едит Салковиќ 37’ Мухамед Амети 22’

Екипата на Гранит со максимално сериозен пристап уште на самиот почеток настапи во дуелот соL.C. Waikiki, со одлична тактичка поставеност и голман играч од самиот старт успеа да го изненадиL.C. Waikikiи стекне висока предност од 5-0 до полувремето. Во второто полувреме екипата наL.C. Waikikiсо чести измени во играчкиот кадар се обиде да се врати во натпреварот но предноста која ја направи Гранит во првото полувреме беше клучна за победата на овој натпревар со резултат од 7-3

Реми за ЈСП и Маркарт

ЈСП 5-5(0-3) Маркарт

ЈСП: Дејан Блажевски 30’ Томи Петковски 25’ 35’ Маријан Србиновски 21’ 31’

Маркарт: Фљурим Бахтијари 33’ Александар Ристовски 11’ 18’ 34’ Пеце Стојанов 20’

Екипата на Маркарт одигра перфектно прво полувреме во дуелот со ЈСП. Во текот на целотоп полувреме играа колективно и ваквата тимска игра вроди со плод па на полувремето замина со предност од 0-3. ЈСП во првото полувреме не можеше да ги поврзе своите редови па го заврши полувремето без постигнат погодок. Второто полувреме екипата на ЈСП го започна со Србиновски како голман играч со што добија играч вишок во нападот кој успеаа да го искористат за да дојдат до израмнет резултат од 3-3 во средината на полувремето. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше вистински дерби натпревар кој беше крајно израмнет во ваквата игра гол за гол на крајот и двете екипи ги поделија бодовите на 5-5.

Тимотеј Нешовски ја предводеше Уника до победа над МЕСПО

Уника 6-3() МЕПСО

Уника: Тимотеј Нешовски 16’ 20’ 40’ Бенјамин Граинца 10’ 28’ Даниел Стојковски 23’

МЕПСО: Гоце Димоски 1’ Борис Трајковски 35’ Александар Боцевски 31’

Екипата на МЕПСО уште во првата минута од натпреварот дојде до водство од 1-0 со што ја изненади екипата на Уника. По ова рано водство екипата на Уника преку Граинца успеа да израмни на 1-1, по што следеше егал натпревар. Во самиот финиш од првото полувреме Уника со два погодоци на Нешовски резултатски се одвои на 3-1. Во второт полувреме екипата на МЕПСО се обидуваше да фати резултатски приклучок но Уника со константо добра игра не го дозволуваше тоа и стигна до победа на овој натпревар од 5-3.

20 март 2019 - 09:02