Татко му на Новак: Косово засекогаш ќе биде срцето на Србија

Селекцијата на Србија предводена од Новак Ѓоковиќ го освои АТП Купот во Австралија. Во соблекувална Србите славеа со песна во која го спомнаа во една конотација и Косово по што имаше реакции.

Косовскиот амбасадор во Бугарија, Едон Чана после славјето на Ѓоковиќ и колегите го нарече Новак шовинист и балкански примитивец.

Татко му беше гостин во една тв емисија каде му го прочитаа твитот на амбасадорот, по што му одговори:

„Господине од каде и да сте и кој да и сте, Новак е националист се разбира како и што сум и јас и повеќето од оваа земја. Тоа не е лошо, ние го сакаме својот народ и својата земја. Но не го мразиме другите народи и другите земји. Вие знаете дека сте влегле во нашата земја и да знаете дека тоа е наша света земја, како што на Евреите им е Ерусалим. Така што ние секогаш ќе бидеме покрај нашето Косово и нашиот народ долу и немојте да мислите дека нешто ќе се промени за 10, 20, 100 или 1.000 години. Косово засекогаш ќе биде срцето на Србија“.

Срѓан Ѓоковиќ доби прашање и како е можно Новак да биде подобар пред три и пред пет години. Што прави за да го постигне тоа?

„Затоа што е страшно вреден и дисциплиниран. Како што работеше кога почна да игра тенис пред 25-26 години, така се однесува и денес. Се е исто. Станува рано, води сметка за секој детаљ, за храната која ја внесува, планира што ќе прави утре, што за еден месец, за година дена. За се има план. Плус многу е ментално стабилен. Толку е цврст во главата што ништо не може да го поремети. Мислам дека спие по најмалку 8 часа дневно“.

Двете изјави може да ги слушнете на 1:23 и 5:59.

14 јануари 2020 - 10:03