Спортисти кои стигнале до милијарда или се близу неа

Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?

Имајте на ум дека во рангирањето Forbes го зема предвид само вкупниот приход на спортистите во текот на целата кариера, а не нивниот моментален статус и имот (тие може да се помалку).

1. Мајкл Џордан (САД), кошарка, 1,7 милијарди $

Најголемиот на сите времиња заработил астрономски 93 милиони долари од плати во НБА клубовите за 15-годишна кариера. Мајкл од Најк годишно заработува околу 100 милиони долари. Притоа брендот Air Jordan во последната финансиска година на компанијата и донел приход од 2,8 милијарди долари.

2. Тајгер Вудс (САД), голф, 1,65 милијарди $

Вудс неодамна ја возобнови кариерата после 15-месечна пауза поради повреда и операција на грбот. Неговиот приход од спонзорски договори сега изнесува половина од сумата која што сумата која што Тајгер ја заработувал на врвот на славата. Најдобриот голфер во историјата за последните 12 месеци заработил околу 45 милиони долари.

3. Арнолд Палмер (САД), голф, 1,35 милијарди $

Големиот Палмер во професионалниот тур помина речиси пола век (неговата кариера траеше од 1954 до 2006 година). Тој почина неодамна, во септември на 87-годишна возраст. Приходите на Палмер од спонзорски договори и лиценци на брендирана спортска облека годишно му биле 40 милиони долари.

4. Џек Никлаус (САД), голф, 1,15 милијарди $

Никлаус ја заврши кариерата во 2005 година и се посветил на бизнисот. Неговата фирма за производство на облека и аксесоари за голф разработила над 400 проекти во 41 земја во светот. Самиот Џек се јавува како автор на дури 298 од нив.

5. Михаел Шумахер (Германија), Формула 1, 1 милијарда $

Седумкратниот светски шампион е еден од 6-те спортисти на овој список на Forbes од 1999 и 2000 година до денес. На врвот на кариерата, платата на Шуми во Ферари достигнувала до страшни 80 милиони долари годишно и тој брзо стигнал до милијардата.

6. Коби Брајант (САД), кошарка, 770 милиони $

И покрај тоа што ја заврши кариерата, Брајант остана еден од највисокоплатените спортсмени во историјата на екипните спортови. Од реклами заработил помалку само од Џордан. Платата на Коби во НБА во последните 6 години беше највисока во целата лига.

7. Флојд Мејведер помладиот (САД), бокс, 765 милиони $

Боксерот познат по прекарот „The Money“ стана најбогатиот боксер во историјата по дуелите против Оскад де ла Хоја, Канело Алварез и Мани Пакјао. Од само еден боксерски меч на Флојд со Пакјао организаторите приходувале околу 600 милиони долари!

Хонорарот на Мејведер од овој дуел беше рекордни 240 милиони долари.

8. Фил Микелсон (САД), голф, 760 милиони $

Веќе 10 години Микелсон го ужива статусот еден од двајцата најплатени голфери на светот, а во последната година го надминал и Тајгер Вудс по годишните приходувања. Миленикот на публиката потпишал многу спонзорски договори коишто му принесуваат околу 60 милиони долари за 12 месеци.

9. Дејвид Бекам (Велика Британија), фудбал, 730 милиони $

По завршувањето на кариерата во 2014-та година Бекам до денес ја наполнил својата сметка со дополнителни 75 милиони долари преку потписот на неколку крупни рекламни договори.

10. Шекил О’Нил (САД), кошарка, 700 милиони $

Во професионалната кариера само Кевин Гарнет и Коби Брајант заработиле повеќе од Шекил О’Нил. Со својата вкупна заработка само од клубовите (292 милиони долари) Шек важи за еден од најскапо платените спортисти во историјата. Останатите пари ги заработил како последица на неколку профитабилни договори за реклами и неколку успешни бизнис договори.

11. Мајк Тајсон (САД), бокс, 685 милиони $

“Челичниот“ Мајк во рингот заработил околу 400 милиони долари (без инфлација) и само чудо го спасило од банкрот во 2003. година. За да извади некој долар повеќе од она што го загубил, Мајк решил да боксува против малку познати противници како Дени Вилијанс и Кевин МакБрајт.

12. Грег Норман (Австралија), голф, 680 милиони $

Бизнис интересите на Норман по завршувањето на спортската кариера биле поврзани со производство на вино, недвижнини, кредити, производство на облека, соларни панели, ресторани и многу други нешта.

13. Леброн Џејмс (САД), кошарка, 640 милиони $

„Кралот Џејмс“ би можел да стигне до 1 милијарда долари приход во кариерата. Летото годинава потпиша нов договор со Кливленд со кој ќе зема 30 милиони долари годишно. Освен тоа, неодамна склучи нов договор со Најк и стана првиот спортист кој добил доживотен договор во историјата на оваа компанија.

14. Кристијано Роналдо (Португалија), фудбал, 620 милиони $

Во тековнава година Роналдо се искачи на рејтингот на најплатени спортисти со годишен приход од 88 милиони долари. Роналдо веќе следната есен би можел да заработува повеќе од 100 милиони долари само ако Реал ги прифати условите. Роналдо има спонзорски договор со Најк од којшто приходува неверојатни суми.

15. Рожер Федерер (Швајцарија), тенис, 600 милиони $

17-кратниот освојувач на Грен Слем турнири ја започна професионалната кариера во 1998. година а до денес на теренот заработил 99 милиони долари. Само од тенисот. Сите останати средства, Федерер ги заработил надвор од теренот со спонзорски договори со Nike, Wilson, Mercedes-Benz, Rolex и многу други познати компании.

16. Алекс Родригез (САД), бејзбол, 600 милиони $

Ѕвездата на Јенкис во кариерата остварил дури 696 хоум-рани (4. најдобар резултат во историјата), потпишал два од трите најтешки договори во историјата на бејзболот а од останатите спонзорски зделки направил преку 250 милиони долари.

17. Лионел Меси (Аргентина), фудбал, 520 милиони $

Најдобриот играч на светот според 4 избори на ФИФА во 2004. година потпишал 8-годишен договор со Барселона. Тоа е кога првпат заигра на „Камп Ноу“. Во продолжение добил многу големи бонуси за наградата „Златна Топка“ која што би можел да ја добие по рекорден петти пат.