Сава Осигурување во второто полувреме до победа над Гранит

Екипите на Уника, Лукоил и Сава Осигурување славеа победи во последниот ден од 23. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Сава Осигурување во второто полувреме до победа над Гранит

Гранит 3-6(3-3) Сава Осигурување

Гранит: Сашо Каровски 13’ Пепи Мицев 5’ 18’

Сава Осигурување: Данило Поповски 5’ Јовица Марковски 20’ Коста Глигуровски 28’ 39’ Данило Апостоловски 6’ Андреј Китановски 40’

Динамично прво полувреме ни приредија екипите на Гранит и Сава Осигурување, прва до водство дојде екипата на Сава Осигурување во 5та минута со одличниот погодок на Поповски. Веќе во наредната акција екипата на Гранит преку Мицев усппеа да дојде до израмнување од 1-1,а екипата на Сава Осигурување веднаш потоа повторно го врати водството со погодокот на Апостоловски. По ова екипата на Гранит започна со жесток притисок кон голот на Сава Осигурување што им донесе до 18та минута водство од 3-2, сепак во последната минута екипата на Сава Осигурување со голот на Марковски успеа да дојде до израмнување од 3-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување ја превзеде иницијативата и создаде неколку шанси за погодок па успеа да реализира во 28та минута зе водство од 3-4. По оваа негатива екипата на Гранит беше приморана да се префрли на противничко поле со цел да дојде до израмнување. Во тквата отворена игра остави простор во одбраната што го искористи екипата на Сава Осигурување која го доби овој натпревар со 3-6.

Лукоил убедливи во дуелот со Маркарт

Лукоил 10-2(5-1) Матрикс

Лукоил: Марјан Цветковски 24’ Љупчо Апостоловски 32’ Гоце Мојсоски 19’ 22’ Анѓелчо Арсов 12’ Мартин Алаѓозовски 3’ 14’ 26’ 29’ Антонио Фенов 17’

Матрикс:Алмир Адиловиќ 16’ Тоше Трајковски 32’

Одличен старт за екипата на Лукоил во дуелот со Маркарт, веќе во третата минута екипата на Лукоил успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова почетно водство екипата на Лукоил продолжи со агресивна игра и жестоки напади кон голот на Маркарт па веќе кон средината на полувремето се стекнаа со високо водство. Екипата на Маркарт со чести ротации на играчи се обидуваше да и парира на екипата на Лукоил, но ова полувреме во целост припадна на Лукоил со резултат од 5-1. Во второто полувреме екипата на Маркарт фрли се на една карта и тргна по израмнување, но таквата отворена игра ги направи ранливи во одбраната што Лукоил од минута во минута го казнуваше за на крајот да слави со убедливи 10-2.

Уника со пресврт до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Уника 7-2(1-2) С.Ц. Борис Трајковски

Уника: Арбен Нухиу 27’37’ Тимотеј Нешовски 5’ Кренар Сума 31’ 33’ Даниел Стојковски 37’ Бенјамин Граинца 39’

С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 7’ Дарко Филиманов 7’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и С.Ц. Борис Трајковски, воведните минути од натпреварот и припаднаа на екипата на Уника која успеа во 5та минута да постигне погодок за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски започна со поофанзивна игра што донесе резултат во 7та минутаа со два гола едноподруго за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски се фокусираше на одбраната, а екипата на Уника се обидуваше со жесток притисок да дојде до израмнување, сепак С.Ц. Борис Трајковски одолеа на притисокот па на полувремето замина со предност од 1-2. Екипата на Уника го започна второто полувреме со силен притисок кон голот на С.Ц. Борис Трајковски што вроди со плод во 27та минута кога успеаа да го израмнат резултатот на 2-2. Ова им даде дополнителен мотив и ветер во грб за во остатокот од полувремето да ја подигнат играта уште едно ниво да направат целосен пресврт и да го добијат овој натпревар со 7-2.

10 мај 2019 - 08:52