Queen ги напишале We Are the Champions и We Will Rock You за стадионски толпи народ

Фудбалската грозница во Велика Британија била толку голема што на мега концертите во пауза меѓу песните, публиката зсекогаш почнувала некоја навивачка песна (ни денес ништо не е сменето на прославите), па Фреди Меркјури се инспирирал да напишат нешто свое што ќе се пее.

Синоќа филмот Bohemian Rhapsody на Оскар 2019 доби дури 4 награди (најдобар звук, најдобра монтажа на звукот, најдобра монтажа и најдобра машка улога која ја доби Рами Малек).

Филмот за групата Queen и Фреди Меркјури доби планетарен успех, а тие се творци и на двете најпопуларни песни кои се пејат на најголемите спортски настани. Двата хита We Are the Champions и We Will Rock You се исполнуваат за време на доделување на пехарите и медалите во финалињата.

Интересно, овие две песни се напишани под влијание и инспирација од химната You Will Never Walk Alone.

****

We Are the Champions стана дури и официјална песна на Светското 1994 во САД.

Заедно со неа, дел од спортскиот свет стана и легендарната We Will Rock You. По информациите на најголемата американска организација за заштита на авторските права - BMI, песната We Will Rock You е една од најчесто пуштаните на натпревари од НФЛ, НХЛ и МЛБ во последните 30 години.

We Are The Champions и We Will Rock You биле напишани со конкретна цел - да се пејат на стадионите или салите каде Queen имале концерти. Фреди Меркјури ја напишал We Are the Champions додека мислел на фудбалските навивачи, а We Will Rock You е пишана со цел да се загреат гледачите на концертите.

И двете песни често оделе една по друга, а на радио ги пуштале како еден сингл.

Можеби Фреди и не се интересирал за фудбал иако често зборувал за Марадона. Во 1981 година Queen биле на турнеја во Аргентина. Вечерта на 8 март за време на финалниот концерт во оваа земја, Фреди кажал: „Би сакал да го претставам вашиот другар Марадона“.

Публиката била во транс. Диего тогаш уште не бил икона каква што ќе стане подоцна (ова е на пет години до голот со рака на Англичаните), но веќе бил голема ѕвезда и освоил младинско Светско првенство.

„Сакам да им заблагодарам на Фреди и Queen за тоа што ме направија многу среќен“, рекол Диего на микрофонот. Веднаш потоа Фреди ја најавил песната Another One Bites the Dust.

Пред да излезат на сцена се сликале заедно, Фреди бил во дрес на Аргентина, а Диего во маичка со знамето на Велика Британија.

Овој концерт бил на стадионо „Хозе Амалфитани“ на кој игра Велез Сарсфилд. Queen го затвориле шоуто со песната God Save the Queen, а претходно исполниле две песни напишани специјално за стадионите.:

Прво We Are the Champions, а потоа We Will Rock You

Историјата на овие два мегахита датира од мај 1977 година кога музичарите имале концерт во Bingley Hall во британскиот град Стафорд. Обично на самото финале, гледачите ја враќаат групата на бис со аплаузи, но во тој момент толпата ја загрмела химната на навивачите на Ливерпул You’ll Never Walk Alone. Такво нешто имало не само на концерт на Queen туку и на групата Pink Floyd.

Гитаристот на Queen Брајан Меј еднаш раскажал дека кога ја слушанле YNWA се вратиле на бина а после концертот таа ги инспирирала да ги напишат We Are the Champions и We Will Rock You:

„Памтам ручавме со Фреди и тој кажа: „Очигледно е дека веќе не можеме да се бориме со тоа. Мора да смислиме нешто што ќе стане дел од нашето шоу. Мора да ја слушаме желбата на луѓето такво нешто да има на концерт“.

Утрото по настапот во Стафорд, Меј добил идеја за песна заснована на мотивот со силни удари како и што почнува We Will Rock You. Во една од сценита на „Боемската рапсодија“ се раскажува историјата на создавање на We Will Rock You.

Меј кога првпат имал репетиција на песната, им објаснил на колегите дека песнава може да ги крене гледачите во шоуто и да тропаат и плескаат.

„Не очекував песнава да стане дел од спортот. Тоа беше супер. We Will Rock You и We Are The Champions излегоа од рамките на музиката и станаа елемент од секојдневниот живот. Се радувам кога гледам фудбал или кошарка во некоја земја од светот и таму се пее оваа песна. Помислував: „Боже, луѓето немаат појма дека јас сум ја напишал“. Многу луѓе не знаат кој е автор на песниве. Мислат дека мелодијата се појавила сама од себе. За песните тоа е комплимент“, рекол Меј.

ФРЕДИ МИСЛЕЛ НА ФУДБАЛ КОГА ЈА ПИШУВАЛ WE ARE THE CHAMPIONS

Фудбалот не бил главен спорт во животот на Меркјури. Во школо едно време тренирал бокс и пинг-понг, а кога пораснал играл само тенис. Редовно гледал тенис и на телевизија.

Но хитот го напишал додека мислел на фудбалските навивачи: „We Are the Champions е песна наменета за маса. Кога свиревме на еден концерт во Лондон, навивачите меѓу песните пееја навивачки песни. Конечно смислив композиција повеќе за театарска изведба отколку обична фудбалска песна. И не мислев што ќе кажат новинарите кога ја пишував We Are the Champions. Таа е пишана за музичари и навивачи“, раскажал еднаш Фреди Меркјури.

We Are The Champions на „Вембли“

Queen сакале нивните песни да се пејат по англиските стадиони кои во тоа време биле симбол на толпа, на маса, на хук. И го добиле своето. Во 80’ години концерти на „Вембли“ станале редовна појава, практично норма. Први кои свиреле таму уште во 1969 година бил култниот рок-бенд Yes.

На „Вембли“ се извеле можеби и најпознатите изведби на We Are The Champions и We Will Rock You.

Тоа се случило во 1985 година (тогаш стадионот собирал 82.000 гледачи). Queen настапиле на хуманитарниот концерт Live Aid во поддршка на погодените од глад во Етиопија. Во филмот „Боемска Рапсодија“ за овој концерт е посветена една од главните сцени.

Пренос од концертот на „Вембли“ одел во 150 земји во светот и го гледале повеќе од 2 милијарди луѓе. Пренос имало и на голем видео бим на стадионот „Џон Ф. Кенеди“ во Филаделфија.

Организаторите собрале 283 милиони долари (првичниот план бил околу 1 милијарда фунти да сеоберат). После Live Aid настапот, публиката дури три пати ги враќала Queen на бина.