45 години од масакрот во Минхен

Позадината на терористичкиот напад на Олимписките Игри во Германија

Летната Олимпијада 1972 во Минхен завршила трагично откако терористи убиле 11 израелски спортисти. Ден-денес се поставуваат многу прашања.

„Игри на среќа и радост“

Се играше втората недела од минхенската Олимпијада. Втората Светска Војна завршила 30 години пред Олимписките Игри во Минхен, но Германија се уште се мачеше да излезе од нацистичкото минато. „Игри на среќа и радост“ - под такво мото новата Германија му го демонстрираше на светот своето најдобро лице и дружељубива страна.

На Олимпијадата во Минхен стигнала и репрезентацијата на Израел во чиј состав имало и поранешни затвореници во нацистичките логори, па овој чекор на помирување беше уште еден премин од тензијата кон среќен живот.

Израелската делегација на Игрите се состоела од 30 луѓе - 15 спортисти и 15 официјални лица меѓу кои биле и тренери, судии, спортски чиновници. Во потполно новото Олимписко село им го доделиле првиот хотел под број 31 на источната страна недалеку од централниот влез.

Уште пред Олимпијадата Израелците биле неспокојни за својата безбедност. Главата на делегацијата, Шмуел Лалкин бил загрижен за безбедноста и се жалел на отсуство на вооружени сили и непостоечки режим на влез/излез во олимпиското село.

Организаторите ги одбивале неговите претензии за поголема безбедност под изговор дека тие се во спротивност со германската филозофија на „Среќни игри“. Имало неколку редари задолжени за борба против препродавачи на карти и пијани.

ЦРН СЕПТЕМВРИ

Терористичката организација „Црн септември“ била основана во почетокот на ’70-те години од страна на радикални Палестинци. Нив врховен водач бил Али Хасан Саламе - близок соработник на идниот палестински лидер Јасер Арафат.

Името „Црн септември“ групата го ставила после септемврискиот вооружен конлифкт во Јордан после кој стигнале многу палестински бегалци од Израел. Во таа војна загинале околу 10.000 Палестинци, а 150.000 избегале во соседниот Либан.

Во Германија борците на „Црн септември“ стигнале пред почетокот на Олимпијадата, во две групи, со фалсификувани документи од Италија и Бугарија. Целото оружје и муниција (8 калашникови, 30 кутии полни со муниција, неколку пиштоли ТТ и 24 рачни гранати) ги доставиле во Минхен преку дипломатската пошта на либиската амбасада. Подоцна е откриено дека имале и поддршка од ултра-левичарската Baader-Meinhoff.

Неколку децении по терористичкиот напад, кога се читале документите за операцијата се дознале дека на три недели до Игрите, германските власти од конзуларните претставници на Либан добиле информација за планирање терористички напад за време на Олимпијадата но лекомислено ги игнорирале.

СУПЕРСЕРИЈА СССР - КАНАДА

Ноќта меѓу 4 и 5 септември, осум терористи облечени во спортска опрема Адидас стоеле пред 2-метарската жичана ограда од олимпиското село.

Многу спортисти подоцна раскажале дека вообичаениот влез во селото ретко го користеле, туку дека поминуале при првата ниска, спуштена ограда. Така им било полесно.

Таа ноќ терористите ги сретнале канадските ватерполисти кои седеле доцна вечерта во Медија Центарот да го гледаат хокејот меѓу СССР и Канада. Канадците се вратиле во добро расположение во селото затоа што нивните колеги победиле 4-1.

Парадоксално, си помогнале со терористите еден со друг да се прекачат преку оградата и се упатиле во различни правци - часот бил 4:20 рано изутрина.

„Дојдоа заедно со нас. Мислевме дека се спортисти. После пет или десет минути слушнавме истрели но мислевме дека некој што освоил медал слават со огномет и петарди“, се сеќава репрезентативецот на Канада по ватерполо, Роберт Томпсон.

Сабајлето разбрале дека има киднапирани заложници во корпусот.

 

ЗАФАТОТ

Израелските спортисти спиеле. Претходната вечер имале богата програма - биле на мјузиклот „Виолинист на кров“, вечерале со некој познат израелски актер и имаче вечерна прошетка низ Минхен.

Целата израелска делегација делела пет соби во приземјето од зградата со број 31, но не престојувале сите таму. Атлетичарката Естер Шахамаров и пливачката Шломит Нир се разместиле во друг дел од олимпиското село, а тројца едрилисти отишле во градот Кил каде се организирале трките во едрење.

Терористите одлично се ориентирале во олимпиското село - тие поминале неколку недели во набљудување и изучување на теренот, а двајца од нив дури и помагале како волонтери.

Тие брзо преминале 70 метри од оградата од оградата до корпусот во кој живееле Израелците и со свои клучеви (еден од волонтерите имал пристап до клучевите), ја отвориле вратата во собата 1 каде живееле израелските тренери и судии.

Од шушкањето на бравата прва се разбудила судијата во спортовите со боречки вештини Јусеф Гутфројнд и веднаш истрчал да ја задржи вратата. Неговата храбра одлука колку-толку да ги држи вооружените терористи да не влезат му овозможила на еден од неговите цимери, тренерот по кревање тегови Тув Соколовски да избега низ скршениот прозор.

На шесте преостанати жители во првата соба им било судено да бидат киднапирани и убиени.

„Се разбудив од крикот на Гутфројнд, скокнав од креветот и видов како очајнички се обидуваше да ги задржи луѓето со црни маски да влезат. Во тој момент сфатив дека мора да бегам. Го скршив стаклото, скокнав низ прозор и побегнав во соседната зграда. Терористите пукаа кон пене така што слушав звуци од куршуми како пролетуваат покрај мене“, раскажал Соколовски после страшната борба за живот.

Киднаперите барале од шесте заложници да им кажат во кои соби спијат останатите Израелци. Тренерот во борење Моѓе Вајнберг кој бил расечен по лицето за време на борбата со еден терорист ги повел кон собата број 2 (таму живееле стрелците, мечувачите и атлетичарите) а во собата број 3 имало шест борачи и кревачи на тегови - очигледно тие имале повеќе сила за реакција, но и тие фатени на сон не пружиле многу отпор.

Така бројот на заложници пораснал на 12 - останатите Израелци кој не биле во собите можеле мирно и неприметно да ја напуштат окупираната зграда.

Први жртви биле Моше Вајнберг и Јосеф Романо. Тие настрадале кога при првата борба со терористите пружиле каков-таков отпор и спасиле уште еден заложник - борецот Гади Цобари кој неприметно избегал преку подземниот паркинг.

Моше Вајнберг и Јосеф Романо

Вајнберг бил застрелан а неговото тело терористите го фрлиле од прозор. Ранетиот Романо го врзале во собата и го испрашувале, а потоа го убиле и го оставиле до останатите заложници.

Кога пред зградата дошла војската и полицијата, терористите своите барање ги напишале на лист и ги фрлиле од прозор - барале ослободување и префрлање во Египет на стотини Палестинци од затворите во Израел и Западна Европа.

Одговорот на Израел бил како молња - со терористите преговори нема!

ОЛИМПИЈАДАТА НЕ СЕ ПРЕКИНАЛА

Од 16 часот на 5. септември Игрите продолжиле како ништо да не се случило иако до тој момент двајца заложници биле убиени. Во Олимпиското село животот функционирал нормално - спортистите набљудувале од своите балкони, новинарите снимале репортажи, официјалните лица давале изјави.

НОВИ БАРАЊА

Вечерта терористите објавиле нови услови - авион со екипаж до Каиро. За да стигнат до аеродромот тие барале два хеликоптери во Олимпиското село а до местото каде би слелате, да ги однесат со автобуси.

„Од прозорот на деветтиот спрат ние добро видовме како дојдоа два автобуси. Од првиот излегоа четири спортисти со покриени глави и заврзани раце и нив ги сместија во првиот хеликоптер. Потоа уште пет заложници од вториот автобус влегоа во вториот хеликоптер. Тоа беше последно нешто што видовме“, се сеќава израелскиот пливач Шломит Нир кој тогаш немал ни 20 години.

На воениот аеродром Форстенфелдбрук слетал Боинг-727 во кои покрај членови на екипажот имало и полиција. Според планот тие требале да ликвидираат двајца терористи а неутрализација на останатите да биде со снајпери.

Со кризниот таб раководеле министрето за внатрешни работи на Баварија Бруно Мерк, министерот за внатрешни работи на Западна Германија Ханс-Дитрих Геншер и шефот на полицијата во Минхен Манфред Шрајбер.

НЕУСПЕХ

Но операцијата не успеала поради лошата организација и некомпетентните дејствија:

- Полицајците камуфлирани во пилоти во последен момент се исплашиле од терористите, одбиле да учествуваат во операцијата и самоволно го напуштиле авионот;

- Погрешна проценка дека терористите се четири или пет - оценка врз основа на лошо запазување;

- Петмина снајперисти биле вооружени со обичен оптички снајпер кои во услови на слаба видливост биле неефективни;

- Оклопните транспортери доцнеле за операцијата поради гужви во сообраќајот на пат до аеродромот;

- Меѓу снајперистите и раководните луѓе немало радио врска;

- Пистата не била осветлена

- Рафалните пукотници кон терористите почнале предвремено и неорганизирано;

После првиот истрел почнала хаотична престрелка а терористите фрлале гранати. Како резултат на тоа убиени биле сите девет заложници кои седеле во авионите и еден полицаец. Од осум терористи, пет биле убиени а тројца преживеани биле уапсени.

ОДМАЗДА

Телата на петте убиени терористи Германија ги испратила во Либија на барање на Муамер Гадафи - а таму ги пречекале 30-илјадна толпа со херојски почести.

Тројцата преживеани Германците одбиле да му ги испорачаат на Израел, туку решиле да ги судат според домашните закони, но после пар месеци ги ослободиле како барање од киднапери на авионот Lufthansa кој летал од Бејрут до Анкара. Сите тројца биле испорачани во Либија.

Премиерката на Израел Голд Мејер му наложил на Мосад (израелската единица за специјални задачи) да разработи тајна операција под името „Гнев Божји“ со цел пронаоѓање на сите организатори на терористичкиот напад во Минхен.

Цели дваесет години траел непрестаниот лов на членовите на “Црн септември“, а како резултат на тоа биле убивани 13 терористи во разни делови од светот - Рим, Париз, Атина, Лилехамер.

Џамал ал-Гаши, единствениот од тројцата ослободени терористи коишто успеал да избегне денес има 64 години и се крие во една северноафриканска земја.

„Горд сум на тоа што го направив во Минхен затоа што помогнав за палестинската борба. До Минхен светот не знаеше за нашата борба, но тој ден името Палестина се слушна во целиот свет“ - рекол ал-Гаши на прес-конференција во Либија веднаш по депортацијата од Минхен.

Следниот дел после трагедијата на Олимпискиот стадион во Минхен почнала церемонија на жал со учество на 3.000 спортисти и 80.000 гледачи. Учеството на оваа церемонија го откажале десетина арапски земји и СССР.

„Таму беа сите делегации освен советската. Нашата земја не го признаваше Израел. а нашите кревачи на тегови и борци беа лути што не им беше дозволено да влезат на стадионот“, збунето рекол докторот на делегацијата од СССР, Савелиј Мишалов.

ПРИ ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО МИНХЕН ЗАГИНАЛЕ ИЗРАЕЛСКИТЕ СПОРТИСТИ:

Моше Вајнберг, 32 години. Тренер по борење.
Јосеф Романо, 32 години. Атлетичар, роден во Либија, учесник во Шестдневната војна од 1967 година.
Зеев Фриднам, 28 години. Атлетичар, роден во Полска.
Давид Бергер, 28 години. Атлетичар роден во САД.
Јаков Шпрингер, 51 година. Атлетски судија, роден во Полска.
Елизер Халфин, 24 години. Борач, роден во СССР, во Рига. Во Израел емигрирал во 1969 година.
Јосеф Гутфројнд, 40 години. Судија по класично борење, роден во Романија.
Кехат Шор, 53 години. Тренер по стрелаштво, роден во Романија.
Марк Славин, 18 години. Борец, роден во Минск. Во Израел емигрирал на 4 месеци пред почетокот на Игрите во Минхен.
Андре Шпицер, 27 години. Тренер по мечување, роден во Романија.
Амицур Шапира, 40 години. Тренер по лесна атлетика.