Како игра единствениот глув професионален тенисер во светот

Неверојатниот корејски талент Док-Хи Ли е глув тенисер којшто има сериозна намера да ја врати Кореа во Дејвис Купот и еден ден да застане рамо до рамо со најдобрите светски тенисери. Во таа намера финансиски го помага гигантот Хјундаи.

За да ги зголемат своите шанси за успех на екипниот јуниорски турнир на Националниот фестивал на спортот во Асана, екипата на сеулското школо Мапо викнала играч којшто живее во градот Чечхон, на два часа од Сеул. Тој се вика Док-Хи Ли и вниманието на тренерите го привлекол уште во основното школо.

Играчите на Мапо се држеле за страничната ограда и навивале гласно за Ли, додека тој удирал форхенд во финалниот меч. На крајот победил со 6:1, 6:1 и станал најдобриот млад играч до 20 години во Јужна Кореа. Во моментов е професионален тенисер и е 143. рекет на светот.

„Нивото на игра, снагата и играта на приемот кај него беше многу повисока од нормалното школско ниво“, рекол после турнирот Ен Чен Сок со кого на првенството играле во парови.

18-годишниот Ли го пуштиле и меѓу елитните играчи. Тој е глув, а во историјата на спортот никогаш претходно никој со нарушен слух не стигнал толку високо.

Во тенисот се верува дека не е доволно само да го видите топчето. Топ-играчите секогаш тврдат дека клучно е кога ќе го слушнат звукот на ударот и тоа е предноста во спортот каде моќните удари со огромна брзина се менуваат и важен е секој дел од секундата.

„Во тенисот има многу различни ротации и јас по звукот можам да определам како изиграл играчот затоа што знам како звучи секој удар“, вели Кејти Манцебо, тренер во колеџ и тренер-волонтер во репрезентацијата на САД за глувите -Но глувите играчи не го знаат тој звук така што мора да се фокусираат на играта на противникот, на контактот на рекетот со топчето и кога тоа ќе прелета преку мрежа“.

Чу Хјон Чан, тренер во школото Мапо вели дека на почетокот бил скептичен за потенцијалот на Ли.

„Кога првпат се сретнавме, искрено мислев дека глувоста ќе го спречи да стане голем играч, меѓутоа неговиот напредок ми даде уверување. Сега сум сигурен дека ќе успее.“.

Ли е втор тенисер во професионалниот свет којшто не е постар од 18 години, но и покрај тоа веднаш блеснал. Иако се уште нема резултати во главниот ждреб за АТП турнирите или Гренд Слем, но во септември во Тајван тој играше во финалето на Челенџерот, а потоа и два пати стигнал до полуфинале. Ако Ли продолжи да напредува, тој ќе разруши цел куп претстави и замисли за нијансите на тенисот.

Студиите покажале дека човекот побрзо реагира на звучни дразби, отколку на визуелни. Според податоците анализирани минатата година, Националниот институт за здравје тврди дека за реакцијата предизвикана визуелно е потребно 180-200 милисекунди, а за звучна 140-160 милисекунди.

На Вимблдон 2003-та, Ендри Родик изјави дека по ударот на противникот прво реагира неговиот слух, а потоа тој ја чита првата информација на упатениот удар.

„Можно е да слушнете колку силно човек удира по топчето. Ако удри јако и рамно, тогаш е во ред .Тоа е можеби една од работите која ти кажува помалку одошто да ја видиш топката. Кога изведува дроп-шот, не го слушам звукот. Тоа дел од реакциски процес. Мислам дека треба да го слушаш топчето добро за да играш на највисоко ниво“, изјави тогаш Родик.

Тод Пери, поранешен австралиски дубл играч кој работи како тренер вели дека често ги слуша ударите на играчите за да слушне колку ударот може да биде унапреден.

„Како тренер, можеш чисто да го слушнеш звукот од ударот со рекетот и можеш да ги сменаш работите ако не се добри, а тоа се прави само преку звукот. Ако гледате различни луѓе, звукот на ударот од различни играчи е многу поразличен ако се фокусираш на ударите“.

Во неговата најпозната книга од 1974, „Внатрешната игра на тенисот“, В. Тимоти Галвеј промовираше внимателно следење на звуците во спортот, опишувајќи го повратниот ефект од фокусирањето на звуците на сопствените потези, така за тие да имитираат „пукот“ на успешен удар.

„Научив колку ефективно може да биде помнењето на некои звуци. Додека еден го слуша звукот на својот форхенд, тој може да го сочува звукот во меморијата и како резултат на тоа неговото тело ќе се обиде да се намести подобро и да го врати топчето посигурно“, пишува Галвеј.

Мартина Навратилова беше една од најголемите промотори на важноста на звукот во играта. На УС ОПЕН во 1993. година таа ја обвинуваше вревата од авионите кои минувале додека била на теренот.

„Многу работи зависат од тоа како ќе го слушнеш ударот на топчето, особено кога си на мрежа. Прво го слушаш топчето, потоа реагираш на неговата брзина и фелшот според звукот. И кога не можеш да го слушнеш звукот те исфрла од контрола. Јас промашив некои волеј удари поради новиот отворен кров на стадионот „Артур Еш“’, се сеќава Навратилова.

Со тоа се согласува и Енди Мареј.

„Многу ги користиме ушите кога играме, не е само до очите. Помага да ја измериш брзината на ударот, силината на топчето, колку силно некој удрил. Сето тоа се мери со слухот на звукот“, вели најдобриот тенисер на светот во моментов.

Хипотезата на Мареј еднаш била тестирана. Тобиас Бурц, глув играч којшто сега работи како технички директор за тенис во Меѓународниот комитет за спорт за глуви лица правел експеримент против противник кој совршено добро слушал. Откако противникот го добил првиот сет 6:2, на противникот му ставиле слушалки и чепови за уши во следниот сет. Бурц го добил со 6:3.

Пак Ми Ча и нејзиниот сопруг Ли Сан Чин сфатиле дека добиле необичен син, но не се стремеле да наоѓаат никаква дијагноза. Ли Док-Хи се родил кога татко му заминал на задолжително служење војска во Јужно-корејската армија и Пак останала сам со синот единец.

Кога тој наполнил 2 години, Пак го однела на доктор во Сеул: „Лекарот едноставно кажа: ’Малиот не може ништо да слуша. За жал, глув е.’ Не знаев како да реагирам, бев шокирана. Знаев дека нема да можам назад до дома“, се сеќава мајката на најдобриот глув тенисер од Јужна Кореа.

Мајката Пак тогаш отишла кај сестра и која што живеела во Сеул и таму ја преплавиле емоциите: „Кога ја видов, ме обзема тага и болка, не можев да престанам да плачам“, вели сестра и.

Неколку часа подоцна се смирила и му се јавила на мажот. Тој дошол до кај нив од Чечхон.

“Зборувавме за тоа дека ништо не е жално и дека можеме да го одгледаме и да го пораснеме синот. Тој е нашиот првенец. Собравме храброст да одиме на следната етапа и за почеток да му најдеме соодветно образование“, вели таткото Ли Сан Чин.

Кога Док-Хи наполнил четири години, неговите родители го запишале во школата за лица со инвалидитет во Чунџу. Повеќе од учениците живееле во интернатот на школото и нивните родители се запознале преку викендите. Пак била одлучна да поминува повеќе време со синот и секој ден поминувала по два часа на пат, а потоа го пратила во редовно школо за да се прилагодува“.

Док-Хи Ли со Рафа Надал

По извесно време не им се допаднала програмата во школото и решиле тие самите да работат со него.

„Мал е процентот на глуви ученици кои можат да се интегрираат во опшеството и самостојно да заработуваат за живот. Повеќето живеат со родителите кои ги помагаат. Ние сакавме Док-Хи да биде независен и да живее како обичен човек“, вели мајката.

Кога видел како братучедот Вун Чун Хе играл тенис, малиот Док-Хи прашал: „Зошто јас не можам да играм“? ’Братучед ми ми даде рекет и ме учеше како да го удирам топчето. Тенисот ми стана привлечен и сакав да мафтам со рекетот“, раскажува Док-Хи.

Тој продолжил да живее во родителскиот стан во Чечхон каде мајка му работела како фризерка, а татко му како новинар, но неговата тениска кариера почнала да привлекува разни страни. Победувал во разни возрасни категории и многу родители и тренери почнале да сомневаат.

„90% од тренерите, родителите и роднините на другите играчи говореа дека Док-Хи не може да стане професионален играч. Но тој игра толку добро и тие не може да веруваат дека е глув“, вели Пак.

Ли сака да стане најдобриот тенисер на светот, но прво се стреми да стане најдобар играч во историјата на Јужна Кореа и да го надмине Хјон Тајк Ли кој во 2007. година бил 36. рекет на светот и освоил една АТП титула во сингл.

Во Азија тенисот е помалку популарен од бејзболот и фудбалот, а во Јужна Кореа денес нема ниту еден АТП турнир. Но тениската федерација на Кореа се надева дека Док-Хи Ли и уште еден талентиран јуниор, 104. на свет, 20-годишниот Хен Чон ќе и помогнат на репрезентацијата да се врати во Светската група на Дејвис Купот од каде испаднале во 2008-ма.

Ли вели дека глувоста не му е толкав проблем: „Не ми пречи воопшто“. Но признава дека има друг физички проблем - со своите 175 сантиметри раст тој е еден од пониските во светот на професионалниот тенис. Денес во тенисот физичката спрема игра голема улога и во Топ-50 има само еден играч со таков раст како Ли: 20-от рекет на светот Давид Ферер. Само шест играчи во Топ-50 се пониски од 182 сантиметри.

Една од првите поддршки стигнала од автоконцернот Hyundai којшто му станал спонзор на Ли кога имал 13 години а неодамна го продолжил договорот со овој гигант до 2020. година.

Ли сега има материјална база со која не може да се пофали секој млад играч. Неговиот агент се надева дека спонзорската поддршка ќе му дозволи на Ли да патува со менаџерот и тренерот.