Џонсон Мети во последните минути од натпреварот до победа над Вип

ЕЛЕМ и Џонсон Мети славеа победи во вториот ден од 25. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Пекабеско ја доби службено.

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Окта

Окта 3-4(1-1) ЕЛЕМ

Окта: Драганче Стојановски 8’ Драганчо Ѓорѓиевски 28’ Живко Котевски 37’

ЕЛЕМ:Ристо Стефановски 37’ Петар Василевски 5’ 32’ 34’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Окта и ЕЛЕМ,прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со голот на Василевски со гол во 5та минута. По ова следуваше брз одговор на екипата на Окта со погодокот на Стојановски во 8та минута и исрамнување на резултатот. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични прилики да постигнат погодок и да го превземат водството, но покажаа слаба реализација па на полувремето се замина со резултатот од 8та минута, 1-1. Во второто полувреме се играше во многу висок ритам на игра, екипата на Окта беше таа која прва постигна погодок во 28та минута и го превзема водството. По оваа негатива за екипата на ЕЛЕМ тие започнаа со жесток притисок кон голот на Окта па успеаа во 34та минута да направат целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на Окта успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот но веќе следниот напад со голот на Стефановски екипата на ЕЛЕМ повторно го превзема водството на 3-4 резултат со кој го доби овој натпревар.

Џонсон Мети во последните минути од натпреварот до победа над Вип

Џонсон Мети 4-2(0-0) Вип

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 36’ 37’ 39’ Бојан Дејановски 36’

Вип: Мартин Ангеловски 38’ 40'

Прво полувреме во висок ритам на игра и голема борба на секоја педа од теренот одиграа екипите на Џонсон Мети и Вип. Двете екипи влегоа претпазливо во овој дуел и фокус ставија врз својата одбрана, па затоа имаше малку шанси за погодок на двете страни. Играчите на двата тима се обидуваа со соло продори и удари од далечина да го отворат резултатот, но и голманите имаа одлични интервенции па ги сочуваа своите мрежи мирни се до паузата. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен, полувреме во кое екипата на Џонсон Мети се обиде со промена на тактика внесување на голман-играч да започне со поофанзивен стил на игра, но екипата на Вип одлично ја имаше поставено играта во одбраната и успеваше да одолее на жестокиот притисок се до 36та минута кога екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два погодоци кои беа пресудни пробивање на одбраната на Вип и конечна победа во овој натпревар од 4-2.

22 мај 2019 - 11:40