Џонсон Мети убедливи во дуелот со Аџибадем Систина

L.C. Waikiki и Џонсон Мети славеа победи на отворањето на 18. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Македонски Телеком и ЕЛЕМ одиграа без победник.

Џонсон Мети убедливи во дуелот со Аџибадем Систина

Џонсон Мети 7-2 (4-1) Аџибадем Систина

Џонсон Мети:Љупчо Стојановски 3’ Бојан Дејановски 2’ 5’ 26’ 35’ Мартин Николовски 38’ Александар Недев 10’

Аџибадем Систина: Ивица Петровски 33’ Игор Ѓорѓиевски 13’

Одлични воведни минути за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Аџибадем Систина, тие со рано постигнати погодоци до 10та минута успеаа да се стенат со високо водство од 4-0. Кон средината на полувремето поточно 13та минута екипата на Систина успеа да постигне погодок и да ја намали високата предност на Џонсон Мети. До крајот на полувремето екипата на Систина вршеше силен притисок кон голот на Џонсон Мети и со сите сили се обидуваше да постигне уште некој погодок како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети со одлична игра во одбраната не дозволи изнаенадување па на полувреме се замина со резултат од 4-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да гпостигне погодок и да го зголеми и така високото водство, ова ја натера екипата на Систина да направи промена на тактиката и во игра да внесе голман играч како би фатиле резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола врз играта и резултатот на го доби овој натпревар со 7-2.

Македонски Телеком и ЕЛЕМ ги поделија бодовите

Македонски Телеком 5-5 (4-2) ЕЛЕМ

Македонски Телеком: Стефан Насковски 2’ 15’ Даниел Анчевски 29’ Садики Тасим 20’ Марко Магденовски 14’

ЕЛЕМ: Горан Николов 2’ 35’ 37’ Ивица Апостоловски 5’ Александар Бокан 40’

Одличен старт на натпреварот помеѓу екипите на Македонски Телеком и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ со голот на Николов во 2та минута го отвори резултатот со предност од 1-0, веќе следниот напад Насковски со прекрасен погодок за израмнување на 1-1. Овие почетни погодоци најавија динамичен натпревар, во таквата игра екипипада на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок во 5та минута за водство од 1-2. По ова екипата на Телеком ја превзеде иницијативата и тргна во целосна офанзива што резултираше со погодок во 14та за израмнување а веќе во следната и целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Телеком успеа да го зголеми водството на 4-2. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ во игра внесе голман играч што во фаза на напад им донесе предност и со одличните погодоци на расположениот Николов успеа да дојде до само гол негатива и завршницата на ја направи супер интересна. И кога се мислеше дека екипата на Телеком ќе ја однесе победата буквално во полседните секунди од натпреварот екипата на ЕЛЕМ со голот на Бокан успеа да го израмни резултатот на 5-5 со кој се заврши овој натпревар.

L.C. Waikikiсо пресврт до победа над Искрател Груп

L.C. Waikiki 7-4 (2-1) Искрател Груп

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 21’ 22’ Едит Салковиќ 23’ 33’ 38’ Алојз Перхај 4’ 38’

Искрател Груп: Петар Митровски 13’ Ратко Иванов 25’ Влатко Иванов 19’ Никола Велевски 34’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите наL.C. Waikikiи Искрател Груп, прва до водство дојде екипата наL.C. Waikikiво 4та минута. По оваа негатива екипата на искрател Груп се префли на противничко поле вршејќи притисок кон голот наL.C. Waikikiсо цел да дојде до израмнување, што им успеа во 13та минута. До крајот на полувремето и двата тима имаа свои добри периоди на игра но во последната минута од полувремето екипата на Искрател Груп успеа да реализира и на полувремето да замине со предност од 1-2. На стартот од второто полувреме екипата наL.C. Waikikiуспеа да постигне три погодоци едноподруго и да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на Искрател Груп се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот наL.C. Waikikiно екипата наL.C. Waikikiодлично ја постваи играта во одбраната а преку контра напади успеваше да ја казнува екипата на Искрател Груп за победа над 7-4.

26 март 2019 - 11:21