Две атлетичарки во Кина многу личат на мажи, но федерацијата проверила и демантира

Атлетиката се соочува со нов полов скандал. На државното првенство во Кина јавноста забележила необичен пар учеснички и се кренала голема врева околу тоа.

Двете атлетичарки кои освоиле медали на женската трка на 400 метри, Лиао Менгџу (24) и Тонг Женгуан (24) се нашле на удар на јавноста откако се појавиле две слики на Фејсбук профилот на државната информативна агенција People's Daily.

Многу корисници се запрашале за родот на членките на Хунан тимот, Лиао и Тонг, судејќи според нивниот изглед и говор и многу коментари биле дека тие се мажи.

Лиао Менгџу

Тун Женгуан

Кинеската атлетска федерација набрзо ги демантираше сите шпекулации и објави дека после проверка е утврден родот на освојувачките на медали на државното првенство.

Ова не е прва победа на овие две атлетичарки (Лиао била прва со време од 53 секунди и 25 стотинки, а Тун втора со 53,35 секунди). Тие победиле и на штафетата 4х400 на Летното првенство на Кина.

Покрај фотографиите, голем сомнеж оставил и нивниот начин на говор:

Нивниот случај не е прв. Претходно голема врева се крена околу Кастер Семења, атлетичарка од Јужна Африка со која се занимаваше дури и Судот за спортска арбитража во Швајцарија. На Кастер дури и забранија да се натпреварува и покрај недостиг на докази (наводно поради зголемено ниво на тестостерони).

Неодамна во Етиопија бил откриен обид за измама кога на женска трка се појавил маж којшто подоцна е осуден на затворска казна.

2 септември 2019 - 12:44