Дуото Саздовски – Петровски го предводеа Ван Хоол до победанад Џонсон Мети

Ван Хоол, Гранит и Џојсон Сејфти Системс со победи го отворија 11. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Дуото Саздовски – Петровски го предводеа Ван Хоол до победа над Џонсон Мети

Ван Хоол 0-4(0-2) Џонсон Мети

Ван Хоол: Ненад Саздовски 3’ 37’ антонио Петровски 10’ 36’

Екипите на Ван Хоол и Џонсон Мети уште на самиот почеток наметнаа висок ритам на игра со цврста одбрана и на двете страни. Екипата на Ван Хоол во раната фаза од натпреварот во 3та минута преку Саздовски дојде до водство од 1-0. Екипата на Џонсон Мети со чести измени во својот состав е обидуваше да го фати ритамот кој го намента Ван Хоол но Ван Хоол не го дозволи тоа па преку Петровски поведе со 0-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот но ваквата истуреност во нападот ги остави ранливни во одбраната што екипата на Ван Хоол во два наврати го искористи за зголемување на водствто и победа на овој натпревар со 0-4.

Гранит со сигурна игра до победа над Еуро Табак

Гранит 6-2(2-1) Еуро Табак

Гранит: Мики Стаојановски 9’ Никола Глигуровски 15’ Александар Димитриевски 21’ Дарко петров 24’ 29’ 33’

Еуро Табак: Мартин Ливрински 12’ Димитар Зафировски 39’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Еуро Табак, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Прва во водство дојде екипата на Гранит со погодокот на Стојановски во 9та минута. Неколку минути подоцна екипата на Еуро Табак возврати со погодокот на Ливрински за израмнување на 1-1. Кон средината на полувремето поточно во 15та минута екипата на гранит со прекрасниот погодок на Глигуровски успеа повторно да дојде до предност од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па на полувреме се замина со 2-1. На стартот на вториот дел екипата на Гранит успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, овој погодок и даде силен мотив на екипата на Гранит да продолжи уште поагресивно кон голот на Еуро Табак и да воспостави целосна контрола врз играта во овој натпревар. Екипата на Еуро Табак беше со скратен состав и не успеа да пружи посилен отпор па го загуби овој натпревар со 6-2.

Џојсон Сејфти Системс со одлично второ полувреме до победа над ЈСП

Џојсон Сејфти Системс 4-3(1-2) ЈСП

Џојсон Сејфти Ситемс: Аргиловски 12’ 22’ Јонузи 35’ Стојковски 40’

ЈСП: Фидановски 13’ 16’ 34’

Во првото полувреме двете екипи прикажаа жестока борба на секоја педа од теренот во рамките на фер плејот, првиот дел од полувремето одмина без многу шанси за погодок беидејќи и двете екипи беа доста претпазливи и ставија фокус на својата одбрана. Како одминуваше времето се засили темпото на игра што и донесе погодок на екипата на Џојсон Сејфти Системс во 12та минута. Следуваше брз одговор на екипата на ЈСП преку одличниот Фидановски со двата погодоци во 12та и 16та минута за целосен пресврт резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на вториот дел Аргиловски стрелаше за повторно израмнување на 2-2. Во останатиот дел од полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра, во 34та минута ЈСП повторно дојде до водство од 2-3. Сепак последните минути од натпреварот и припаднаа на екипата на Џојсон Сејфти системс која успеа да направи целосен пресврт и да го добие натпреварот со 4-3.

10 декември 2019 - 11:51