Буцкото кој ја направи најголемата боксерска сензација на векот

Во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се случи најголемата сензација, откако светскиот боксерски првак во ЧЕТИРИ верзии, Ентони Џошуа ги изгуби сите појаси од анонимниот дебелко Енди Руиз.

Американецот со мексикански корени за 7 рунди го разби фамозниот Британец и првпат во својата кариера стана шампион.

Ентони Џошуа е британска суперѕвезда. Неговата популарност се зголеми уште повеќе во 2012, кога го освои златото на домашната Олимпијада во Лондон. За три години тој нокаутираше 15 противници а во највредниот меч за титула за само пет минути го патосираше Чарлс Мартин.

Крал на светскиот бокс Ентонио Џошуа стана пред две години кога го прати великиот Владимир Кличко во пензија. Британецот тогаш преживеа нокдаун, победи со технички нокаут и стана шампион во три верзии. Минатата година Џошуа го совлада Новозеланѓанецот Џозеф Паркер и ги обедини појасите во WBA, IBF, IBO и WBO.

Сите борби во профи рингот до 2019-та година Џошуа ги имаше на домашен терен. Промотерот на Британецот Еди Хирн сонувал неговата најголема ѕвезда да биде главен во спектакл надвор од границите на Британија.

„Ентони е икона на англиските навивачи. Но има поголеми и посериозни перспективи. Тој е способен да стане ѕвезда не само во Европа, туку и во Америка. Џошуа е роден да биде глобална суперѕвезда“, рекол Хирн. 

ЏОШУА ТРГНА ДА ЈА ПОКОРИ АМЕРИКА, НО СЕ ЗАФРКНА

Британците на големо најавија влез во американскиот пазар уште минатата година. Минатата зима првата борба на Џошуа во САД беше официјално објавена а противник требаше да му биде непобедливиот Американец Џарел Милер.

Промотерот на Џошуа, Хирн рекол дека тие сакаат поквалитетен противник, но се испоставило дека Милер е единствен кој сака да боксува со Џошуа.

Џарел проба и да докажува дека не му се плаши на Ентони, зошто на мартовската прес-конференција за малку не испровоцира голем хаос - за време на фотографирањето му се внесе во лице на Џошуа и го турна во гради.

Но борбата Џошуа - Милер заврши пред време, уште не почната. На тестирањата на Афроамериканецот му пронашле три вида на допинг во крвта. Атлетската комисија на Њујорк му ја одзела боксерската лиценца на Џарел, а тимот на Ентони Џошуа барал замена за отпишаниот Џарел Милер.

Ентони не сакал да ја одложи планираната борба затоа што неговото деби на американскиот пазар сакале во живо да го гледаат 10.000 англиски навивачи кои веќе резервирале и карти. Севкупно во неделата на мечот имало околу 20.000 Британци.

Хирн имал избор од 10 претенденти за спектакл со Џошуа. Британците најмногу сакале нивниот миленик да боксува со Кубанецот Луис Ортиз, но кубанскиот „Кинг-Конг“ го одбил рекордниот хонорар од 7 милиони долари и барал повеќе.

Затоа хонорарот од 7 милиони со две раце го прифатил 29-годишниот Енди Руиз. Американскиот буцко со мексикански корени во план ја ставил можноста да освои титула што би му било животно достигнување.

„Еднаш треба да станам шампион. Од втор обид ќе го сторам тоа“, рекол Руиз после потпишаниот договор.

Мексиканецот (тој иако важи за државјанин на САД, се смета себе за таков), ја почнал професионалната кариера пред 10 години и до 2016-та година немал ниту еден пораз во профи боксот.

Попатно запишал пар мошне сериозни победи - на бодови го тепал поранешниот првак до Белорусија Сергеј Лјахович и го нокаутирал поранешниот претендент Реј Остин.

29-те победи во кариерата му овозможиле првпат да се бори за титулата. 

Во декември 2016-та година, Руиз во Нов Зеланд боксувал со тамошната мега ѕвезда Џозеф Паркер за WBO појасот кој стана предизвик на многумина по кокаинската историја на изгубениот Тајсон Фјури.

Енди Руиз изгубил дури во 12-та рунда во многу тежок меч и тоа откако еден од судиите досудил реми, а други двајца му ја доделиле победата на Паркер. Руиз барал реванш но не го дочекал.

Буцкастиот Мексиканец во рингот се врати во март 2018-та година и од тогаш патосирал три противници. На 20 април Руиз во пет рунди го згромил украинскиот Германец Александр Димитренко, а после само 10 дена потпишал мега-договор за битка со светскиот првак Џошуа.

СПОРЕД СИТЕ ПАРАМЕТРИ, РУИЗ БЕШЕ ТОТАЛЕН АУТСАЈДЕР ПРОТИВ ГОЛЕМИОТ ЕНТОНИ

Букмејкерите апсолутно не верувале дека предизвикувачот Руиз може да го совлада моќниот Британец. Коефицентот за победа на Руиз на месец дена пред бојот, движел од 13 до 16!

ЏОШУА РАНО ПОЧНА ДА СЕ ПОДБИВА СО ПРОТИВНИКОТ И ТОА ГО ЧИНЕШЕ

Во неделата бевме сведоци на една од најголемите сензации во историјата на боксот.

Накратко објаснето:

1-2 рунда: Џошуа го проверува својот противник кој не размислува многу туку оди во противудари;

3 рунда: Руиз во нокдаун, Џоуша два пати во нокдаун;

5 рунда - Џошуа во нокдаун;

7 рунда - Џошуа три пати во нокдаун, на крај технички нокаут!

Руиз е и 10 сантиметри понизок во раст од Џошуа кој има подолги раце, така што постојаните напади на буцкастиот Руиз делуваа уште поневеројатни.

Клучниот момент се случи во 3-та рунда која што претендира да биде најдобра рунда во боксерската година. Во првата минута Џошуа со брутално лево кроше го зашемети Руиз кој некако дојде при себе и чекаше грешка на Британецот.

Ентони како да поверува дека мексиканскиот Американец е зашеметен и тргна во размена на удари од која парадоксално посилен излезе токму Руиз. После три минути Џошуа уште беше во нокдаун од серијата удари на противникот.

На крај Руиз го дотолчи Џошуа и ги воодушеви илјадниците негови навивачи во публика. Неговиот подвиг го споредуваат со една сензација од пред 30 години кога младиот Мајк Тајсон го понижи легендарниот Бастер Даглас.

„Фала му на Бога за победава. Без него немаше да биде возможна. Толку се осеќам добро! Ова е нешто за што сонував толку долго време. Напорно работев за да го достигнам ова а денес мојот сон стана реалност“, рече после мечот новиот светски првак Руиз.