Богески и Даиловски го предводеа Матрикс до победа над Лукоил

Во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на ЕЛЕМ, Матрикс, Аптив и Македонски Телеком.

Во крајно израмнет натпревар ЕЛЕМ подобар од ФК на глуви Слобода

ФК на глуви Слобода2-3(2-2) ЕЛЕМ

ФК на глуви Слобода: Јасни Алими 4’ Фатмир Демироски 14’

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 3’ 6’ Јордан Ангеловски 33’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ уште во раната фаза од натпреварот односно во 3та минута. Следуваше брз одговор на екипата на Слобода со погодокот на Алими во 4та минута за 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи беа рамноправни и успеаа да постигнат по еден погодок па на полувреме се замина со 2-2. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен во рамките на фер плејот каде двете екипи имаа шанси кон протиничкиот гол но имаа слаба реализација. Сепак екипата на ЕЛЕМ во 33та минута успеа да постигне гол и да го превземе водството а и да го сочува до крај за победа на овој натпревар од 2-3.

Богески и Даиловски го предводеа Матрикс до победа над Лукоил

Матрикс 8-0(5-0) Лукоил

Матрикс: Петре Даиловски 13’ 16’ 18’ 40’ Драган Брњарчевски 10’ Мирко Богевски 5’ 23’ 32’

Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот со Лукоил со погодокот на Богевски во 5та минута, овој рано постигнат погодок и даде силна мотивација на екипата на Матрикс да продолжи во висок ритам што и донесе висока предност уште во раната фаза од натпреварот. Екипата на Лукоил ова прво полувреме не успеваше да ја пронајде својата препознатлива игра што се одрази на резултатот. Екипата на Матрикс на полувреме замина со предност од 5-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс беше таа која што ја контролираше играта и резултатот и покрај сите обиди на Лукоил да ја намали високата негатива од полувремето. На денешниот натпревар екипата на Лукоил не успеа да пронајде против игра за денес перфектната игра на Матрикс која го доби овој дуел со 8-0.

Аптив супериорен во дуелот со Уника

Аптив 15-2(3-1) Уника

Аптив: Марковски Александар 24’ 25’ 25’ Тодоров Маријан 27’ Дамјан Хрдаличка 34’ 38’ 39’ Никола Ќамилов 31’ Кире Стаматовски 9’ 11’ 18’ 28’ 36’ 7’ 39’

Уника: Никола Атанасов 8’ Мики Ристиќ 36’

Екипата на Уника одлично го започна дуелот со погдок во 8та минута и водство од 0-1, следуваше брз одговор на екипата на Аптив со двата погодоци на Стаматовски во 9та и 11та минута за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Аптив имаше повеќе од играта и со третиот погодок на Стаматовски успеа да дојде до предност од 3-1 резултат со кој се змаина на паузата. Екипата на Аптив продолжи во силен ритам и уште на самиот старт се стекна со висока предност која од минута во минута ја зголемуваше за на крајот да го добие овој натпревар со високи 15-2.

Телеком не дозволи инзненадување во дуелот со Тиквеш

Македонски Телеком 6-4(2-0) Тиквеш

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 6’ Стефан Насковски 15’ 35’ Марко Магденовски 27’ 34’ Џенгис Бекир 24’

Тиквеш: Нинослав Ранѓеловиќ 37’ 39’ Деко Марков 23’ Филип Велјановски 39’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Тиквеш, екипата на телеком со погодокот на Лазаревски во 6та миута го отворија резултатот на 1-0. По оваа негатива екипата на Тиквеш со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Телеком одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи инзенадување, а во 15та минута го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со виско ритам на игра во кое екипата на Тиквеш ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот, но екипата на Телеком рутинирано го приведе натпреварот во своја корист за победа од 6-4.

11 декември 2019 - 11:40