Бабата чија последна желба пред да замине била да го гледа хокеарскиот тим

Карин Беренд има 75 години и го обожава локалниот хокеарски клуб Хамбуршки Крокодили, но прикована е за кревет и смртно болна. Името на нејзината болест не е објавено.

На Карин ѝ останува да живее уште неколку недели според проценка на лекарите, стои во соопштението на хокеарскиот клуб - па затоа хокеарите и ја исполниле најголемата желба на бабичката и ја викнале на домашен натпревар.

Во салата наместиле специјално место за Карин а да дојде на мечот и да се смести ѝ помогнала една хуманитарна организација која што ги исполнува желбите на смртно болните.

„Каков емотивен момент!

’Крокодилите’ се големо семејство и на мечот против Хановер Скорпионс, навивачите, екипата и сите во клубот го покажаа тоа.

Карин Берендт е една од нас. Летово 75-годишната Карин тешко се разболела и ѝ остануваат неколку недели живот. Но Карин имаше желба макар уште еднаш да гледа како игра нејзината екипа. Компанијата Der Wunschewagen и помогна да ѝ се исполни желбата, а екипата и навивачите ѝ помогнаа да помине прекрасен ден заедно со нас.

Фала за сите овие години поддршка, драга Карин“, стои во соопштението на клубот на Фејсбук.

„Крокодили“ победиле 4:2 а после мечот капитенот на екипата Кристоф Шуберт се сретнал со Карин и ѝ посакал сè најдобро.

18 септември 2018 - 11:07