ЕХФ се прашува колку гола ќе даде националниот херој на Македонија

Роден е на 10 мај 1980-та, а дебитираше за Македонија во 1998-ма. Од тогаш ѕверот има постигнато 1.431 гол во кариерата. Рекордер е по број на голови на двете најголеми натпреварувања. На ЕП 2012 со 61 гол, а на СП 2009 со 92, како и прв во ЛШ кој стигна до 1.000 гола.

Плус во два наврати најдобар стрелец во ЛШ и апсолутен стрелец на Ф4. Па има ли поубава најава пред Европското ракометно првенство кое стартува на 9 јануари.

13 декември 2019 - 13:44