Цела сала грми за Вардар, никој не си оди

Кога Вардар меле во Лига на шампиони обично на крај во сала остануваат да пејат само Комитите. Но овој пат и петнаесетина минути по завршувањето на средбата, Јане Сандански не се празнеше. Сите сакаа да бидат што подолго дел од оваа емотивна победа на хероите кои пред две години испишаа нова ракометна историја со златни букви.

25 април 2019 - 22:54