Во Иран не пуштале жени на стадион, а Иранките во Русија славеа без хиџаб

Иако Иран важи за делумно послободоумна држава во целото нејзино опкружување, жените во оваа земја патат од неколку забрани.

Парадоксално, на гигантскиот стадион „Азади“ во Техеран каде 80.000 луѓе го гледале денешниот меч против Мароко на кој Иран славеше со автогол во 95-та минута - не пуштиле ниту една жена.

На стадионот имало само мажи:

Жените не смееле да влезат на стадионот па фудбал гледале од дома:

По Исламската револуција на крајот од ’70-те години жените добиле забрана да гледаат натпревари на машки екипи. Иран е единствената земја учесничка на Светското 2018 во која владее ваков закон.

Пред неколку дена дирекоторт на стадионот „Азади“ изјавил дека жените најверојатно ќе можат да влезат на стадионот во семејна придружба или да гледаат фудбал во јавните паркови на Техеран. Но после некое време властите се предомислиле.

Иран освои големи три бода со победата и сега има 3 бода во тешката група со Шпанија и Португалија. За дуелите со овие две репрезентации не се знае дали жените ќе смеат да влезат на заедничкото гледање на стадион.

На почетокот на оваа недела властите на Иран одлучиле: во центарот на Техеран пред стартот на Мундијалот ќе има рекламни паноа со навивачи без жени меѓу нив. После бурната реакција на медиумите, ги замениле билбордите и имало жени на сите..

Еве како се гледаше дуелот Иран - Мароко во Казабланка (Мароко).

Затоа Иранките уживаа во слободата во Русија: навивачките беа на трибини без хиџаб, наздравуваа со пиво и славеа голем триумф на нивната земја, прв на Светско после 1998 година кога ја победија Америка. 

15 јуни 2018 - 19:45