Почитувани, ве молиме да не пеете за пенисот на Лукаку

Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.

Најдобриот белгиски напаѓач е прв стрелец на Манчестер Јунајтед и прв стрелец во лигата заедно со Серхио Агуеро со по пет гола. Од таа причина, секогаш досетливите навивачи на клубот од „Олд Трафорд“ му смислија неколку песни меѓу кои и една која збори за големината на неговиот пенис.

Ова наводно има врска со расистичките стереотипи.

Оваа песна за првпат гласно се пеела минатиот четврток за време на мечот од Лигата на шампионите против Базел кој Манчестер го доби со 3:0. Се повторила и во триумфот од 4:0 против Евертон од каде Лукау дојде за цена од 90 милиони фунти со бонуси.

Телото Kick It Out директно му пишала на клубот Манчестер Јунајтед и ги приморала да реагираат.

„Kick It Out е свесен за видеото на кое се слушаат навивачите на Манчестер Јунајтед како скандираат песна со расистички призвук и за тоа го информиравме Манчестер Јунајтед вечерта на 13 септември. Стиховите користени во песната се навредливи и дискриминаторски. 

Расистичките стереотипи никогаш не се прифатливи во фудбалот или во друга област, тие се непочутивачки па дури и кога се поддржува играч на тој начин. Го контактиравме Манчестер Јунајтед и со нив тесно ќе соработуваме заедно со ФА за да се осигураме дека проблемот ќе се реши. Тие што ќе го скандираат ова може да очекуваат казни“, стои во соопштението потпишано од организацијата која лови расисти на трибните, Kick it Out.