Drinking all your vodka

Песната на која англиските навивачи полудуваат и секаде ја грмат

После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат 

Англиските навивачи го живеат својот фудбалски Вудсток. Лето, радост, фудбал, пиво и музика.

Англичаните летово најмногу пејат една песна - Three Lions '98. Оваа песна беше неофицијална химна на Европското 1996 која што ја напишале фронтменот на ливерпулската инди-група Lightning Seeds, Јан Броуди и комичарите Бедиел и Скинер.

Секако, никој не ја пее од почеток до крај, но кога ќе дојде рефренот, сите урлаат. Зошто?

Одговорот лежи во стихот:

It’s c-o-mming home.

It’s c-o-mming home.

Football’s c-o-ming home.

Смислата на песната одамна е далеку од првичната (Европското 1996 се играше во Англија и тогаш фудбалот се врати онаму каде што е измислен).

Англиските навивачи ја пееја Three Lions на Европското во Полска и Украина, потоа на Европското во Франција, а сега ја пејат секаде. Најмногу на стадионите каде игра Англија. Минатиот четврток Англија изгуби од Белгија, но стотици луѓе тргнале кон Лондонскиот мост каде пееле: „It’s coming home, it’s coming home“.

Репрезентацијата на Саутгејт заврши втора во групата и се најде во, условно полесната патека во нокаут фазата.

Three Lions се појавил кога се било добро

Во пролетта 1996-та лушето од FA му предложиле на Јан Броуди да напише химна за Англија на Европското. Тој ги викнал и Девид Бедил и Френк Скинер, комичари кои го воделе ТВ шоуто Fantasy Football League.

Така се родиле Three Lions - не баш обична песна за фудбал која како да знае дека нема се да оди по планот.

They’ve seen it all before,

They just know, they’re so sure,

That England’s gonna throw it away

Луѓето во строги костуми од Фудбалската Асоцијација не можеле да поверуваат што слушаат. Фудбалерите исто негодувале, но Пол Гаскоњ, најјакиот играч на таа генерација рекол дека песната му се допаѓа и ја пуштал во автобусот после што се навикнале.

Понатаму навивачите завршиле голема работа.

Авторот Броуди објаснил зошто песната Three Lions ги заразила сите:

„Мене ми беше важно таа да одразува што стварно значи да се биде фудбалски навивач. Дури и најуспешните репрезентации не победуваат секогаш, но вие не престанувате да верувате - неважно дали навивате за Манчестер Јунајтед или Рочдејл. Во најемотивните моменти луѓето пејат заедно, без разлика дали е погреб или фудбалски меч. Во Three Lions го има точно тоа, ние сме спремни да сонуваме. Дури и ако сите околу викаат: „Џабе, шанса нема“.

Песната идеално се совпаднала со расположението и со добрата игра на репрезентацијата (стигнаа до полуфинале 96’).

Притоа долго време била на прво место на британската хит-парада. Две години подоцна, Броуди, Бедиел и Скинер снимиле нова верзија на истата песна за Светското во Франција 1998 и таа не испаднала од топ листите (во историјата на британските листи само три песни го повториле успехот со друг текст - другите две се Mambo No. 5 и Do They Know It’s Christmas?).

„Во кој паб и да влезев, некој почнуваше да ја пее за мене. Беше многу пријатно, дури нереално“, рекол Броуди на времето.

ЗОШТО БАШ СЕГА СЕ СЕТИЈА НА НЕА?

На неколку дена до почетокот на Светското музичкиот стриминг сервис Deezer објавил дека слушањето на Three Lions '98 скокнало за 173%. Одличен пораст покажале и другите фудбалски композиции - World in Motion (химна на Англија за Светското 1990 од групата New Order) како и психоделичната Vindaloo, но ниту една не постигнала успех како Three Lions.

На коментарите под видеото на песната може да се прочита:

„После 22 години и натаму е најдобра песна за фудбал“

„2:1, па 6:1. Да, можеби против Тунис и Панама, но...“

„Последен пат Англија стигна подалеку од Германија на Светско... во 1966. It's coming home!“

 Едно е сигурно. Првпат после долго време на навивачите на Англија им се допаѓа новата репрезентација. Тие веќе изгубија надеж со разочарувачката златна генерација на Џерард, Бекам, Тери и Лампард.

Сега Англија е посвежа (во составот на Саутгејт има само еден играч кој пред Светското имал повеќе од 40 настапи за репрезентација), помлада, поенергична и затоа навивачите се поистоветуваат со неа.

На тој план одлично работи и ФА која на интересен начин го претстави списокот патници на Светско. Англиските навивачи ја пејат насекаде а најгласни беа во Нижни Новгород:

Кога Ерик Дајер го постигна решавачкиот пенал против Колумбија, на Твитер се појавиле 127.000 твита во кои се спомнува песната, а на трибините на „Откритје Арена“ загрема: „It’s coming home“..

Во Русија англиските навивачи кои на секое првенство имаат нов хит, ја пејат и песната со која го обележуваат нивното присуство во Русија:

Woaah England fans in Russia Woaah , drinking all the vodka Woaah, England's going all the waaay 1 2 3 4...