Лацијалите славеа роденден на клубот, полицијата ја прекина забавата

Околу 2.000 тифози на римски Лацио се собрале на плоштадот „Либерта“ со цел да ја прослават 119-годишнината од основањето на нивниот миленик, но полицијата морала да реагира поради наводно нарушување на јавниот ред и мир.

Италијанските медиуми утрово соопштија дека имало тројца повредени и тројца приведени навивачи а околу десетина повредени полицајци, по нередите кои избиле на плоштадот „Либерта“ во Рим.

Лацио е основан на 9 јануари 1900 година и поради тоа што денес слави 119 години, навивачите се решиле да направат пригоден собир. На почеток дошле 8 луѓе кои ги местеле знамињата. Потоа се собрале околу 2.000 навивачи а меѓу нив за првпат дошол и Клаудио Лотито и на кратко поразговарал со навивачите кои не се согласуваат со неговото управување со клубот.

Откако тој заминал со кола, после неколку часа почнале судири со полицијата која соопшти дека околу 300 изгредници почнале да фрлаат топовски удари, шишиња и петарди кон нив поради што морале да употребат солзавец и водени топови.

9 јануари 2019 - 13:04