Gegen montags spiele

Како во Германија протестираат против фудбал во понеделник

Без разлика кое место на табела е нивниот тим, навивачите во Германија се солидарни во борбата против понеделнички фудбал зошто го сметаат за несоодветен термин.

Синоќа во германската Бундеслига се одигра првиот меч во понеделник вечер во историјата на ова првенство. Никогаш претходно немало прволигашки фудбал во понеделник. Се сретнаа Ајнтрахт Франкфурт и РБ Лајпциг и домаќините славеа 2:1, но...

За време на мечот домашните навивачи имаа цел репертоар пароли против овој термин во знак на протест. Во Германија на многумина не им се допаднала оваа идеја: луѓето сметаат дека лигата го прави тоа исклучиво за пари и сосема заборава на навивачите кои традиционално се навикнати за викенд да одат на фудбал.

„Не за понеделник“

Многу од гледачите во Франкуфрт дошле на стадион со свирчиња во знак на незадоволство поради фудбал во понеделник

Кулминацијата на протест бидна кога навивачите фрлаа тениски топчиња и тоалетна хартија на теренот

Како резултат на тоа второто полувреме се прекина на кратко за работниците да можат да го исчистат теренот

Сезонава Бундеслигата планира да организира 5 меча во понеделнички вечерен термин. Од управата на лигата велат дека ја тестираат оваа идеја, но по реакцијата на незадоволните навивачи тешко дека ќе заживее.