Како изгледа тоа да те бодрат 20.000 дечиња?

Белградски Партизан поради казната од УЕФА немаше право на гледачи за дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа. Но УЕФА им дозволи на „црно-белите“ и во плејофот и синоќа во групна фаза да имаат само деца на трибините. Партизан ја искористи таа можност и на стадионот ЈНА имаше деца од фудбалски школи од целиот регион.

Мечот од 1. коло во Лига Европа меѓу Партизан и АЗ Алкмар заврши 2:2. Во оваа група се уште и Манчестер Јунајтед и Астана кои играа синоќа а англискиот состав славеше 1:0 со гол во финишот од мечот.

20 септември 2019 - 09:55