За што се фатија Трамп и Леброн Џејмс па цела Америка реагира?

Најдобриот кошаркар на денешницата влезе во отворен спор со американскиот претседател кој прв почна. Многу познати личности застанаа зад Леброн.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Шкорчето кое го запали барутот беше нималку пристојниот твит на американскиот претседател кој напиша: „Леброн Џејмс само што беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизија, Дон Лемон. Тој направи Леброн да изгледа паметен, а тоа не е баш лесно. Јас го претпочитам Мајк“, мислејќи на вечната дебата Џордан или Леброн, напиша Трамп на својот Твитер.

Дел од американските медиуми потсеќаат дека животните патишта на Трамп и на Леброн не можеле да бидат поразлични. Првиот растел во раскош и богатство, а другиот во сиромаштија и без татко.

Трамп го напишал твитот во неделата кога Леброн отворил училиште за деца од социјално загрозените семејства.

ЗОШТО ТАКВА РЕАКЦИЈА?

Во интервјуто, Леброн Џејмс го прашувале за неговите политички ставови и односот кон актуелниот претседател на САД.

Прво, најдобриот кошаркар на денешницата рекол дека Трамп го злоупотребува спортот за да ги раздели Американците.

„Во последните неколку месеци забележав дека тој го користи спортот за да не раздели нас и не можам да разберам. Не можам да не обраќам внимание на тоа и да молчам.

Кога влегов во спортот, прво работев со белите луѓе. Ми се појави можност да ги запознаам и да дознаам повеќе за нив, а нив подобро да ме запознаат мене. Станавме добри другари и помислив: „Вау, тоа е благодарение на спортот“, рекол Леброн.

Потоа во интервјуто, Леброн преку примери објаснил дека во последните шест месеци Трамп ги нападнал црномурестите играчи во американски фудбал кои седнаа на колено за време на интонирање американска химна, како и играчите на Голден Стејт кои одбија да ја посетат Белата куќа - долга традиција за шампионот во НБА.

„Сите го знаеме Стеф Кари. Образуван граѓанин, одличен дечко, семеен човек, одличен татко. Мене ми се допаѓа се што тој прави. Нема никаква причина да го нападне баш него...

Ми велат дека Трамп често заработува политички поени преку спортистите. На пример во односот со Каперник (американски фудбал). Тој (Каперник) постапи во склад со своите убедувања, го стори тоа совршено мирно и подробно ја објасни својата позиција. Можно е да се видат многу примери каде Трамп внесе раскол во нашиот спорт каде сите сме заедно“, рекол Леброн.

Кошаркарот на ЛА Лејкерс рекол и дека присуството на Трамп во Белата куќа го влошило односот кон црнуморестото население. Минатата година Леброн напишал на своите профили на социјалните мрежи:

„Мислам дека таков однос имало секогаш. Но ваков претседател само им ги одврзува рацете на таквите луѓе. Тие те навредуваат во лице“.

На прашањето што би му кажал на Трамп ако се сретнат, тој рекол:

„Просто нема да седам со него. Со задоволство би се сретнал со Барак (Обама).“ 

 

LeBron isn’t interested in talking to Trump.

A post shared by Sports Blog Nation (@sbnation) on

Главна тема на месецот во НБА е отворањето на училиште за деца од сиромашни семејства во Акрон, родниот град на Леброн Џејмс.

Поради тоа Џејмс го викнале да гостува на CNN, а сопругата на Доналд, Меланија Трамп рекла дека Џејмс прави многу за идните поколенија и изразила желба да го посети ова школо чија градба ја финансирал хуманитарниот фонд на Џејмс „LeBron James Family Foundation“.

Во школото има место за 240 деца а со секоја година бројот на ученици и одделенија ќе се зголемува.

До 2022 година фондот сака во ова школо да се учи од прво до осмо одделение, наместо сегашните 3-то и 4-то.

Во пролетта годинава, Доналд Трамп платил 25 милиони евра со цел да спречи поранешни студенти да покренат тужба против него поради измама на неговиот отворен Универзитет.

Испадот на Трамп до некаде е лицемерен, пишуваат американските медиуми затоа што тој пред 4-5 години на Твитер пишувал како Леброн е голем играч и голем човек. После некои натпревари на Мајами додека Леброн играше таму, Трамп постирал и како добри кошеви постигнувал Џејмс. 

Во ист час стигна голема поддршка за Леброн од многу негови колеги кошаркари, како и од други јавни личности во САД: 

 

6 август 2018 - 13:12