Врвната имитација на Шекил О’Нил од Фараоа на доделување награди

Синоќа во НБА се доделија главните признанија на сезоната, а целата манифестација ја водеа Чарлс Баркли, Шекил О’Нил како и сјајниот комичар Џеј Фараоа кој импресивно го изимитира Шек а цела сала вриштеше од смеа.

Што се однесува до наградите, признанието МВП за најценет играч во лигата го доби Гркот со нигериско потекло Јанис Адетокумбо. Јанис го победил Харден на гласањето (78/23 гласови), а кога требаше да се обрати до публиката „Грик-фрик“ и не можеше да ги сокрие емоциите па заплака додека се заблагодари на своето семејство. Крилниот центар на Милвоки Бакс е најдобар играч на сезоната во НБА (регуларниот дел).

Мајк Баденхолцер тренерот на Милвоки Бакс е прогласен за најдобар главен тренер. Лука Дончиќ ја доби наградата за новајлија на годината, Лу Вилијамс за најдобар резервен играч од клупата, играч со најдобар прогрес е Паскал Сиакам кој го реши финалето Торонто - Голден Стејт. Менаџер на годината е Џон Хорст исто од Бакс кои иако не играа во финалната серија, добија најмногу награди.