Во НБА има нов сериозно јак ѕвер

Првиот пик на овогодинешниот драфт, Зајон Вилијамсон (19), феноменот од Универзитетот Дјук кого го потпиша Њу Орлеанс Пеликанс, почна да го докажува квалитетот. Висок е 1,98 а тежок 129 килограми а невообичаено подвижен и флексибилен за таа тежина. Во пред-сезоната Пеликанс синоќа ја совладаа Атланта 133-109 а Зајон имаше 16 поени (6/13 за 2, 0/2 за 3 и 4/7 од слободни), 7 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки за 27 минути и 49 секунди на паркетот.

На две недели до почетокот на Regular Season 2019-2020 во НБА, Зајон станува реалност. Неговиот тим Њу Орлеанс Пеликанс доби сосема друга димензија со него откако останаа без Ентони Дејвис кого го трејдаа во Лејкерс.

Запознајте се со Зион Вилијамсон

8 октомври 2019 - 11:07