Се возиш со метро и до тебе седнуваат Леброн и цел Кливленд

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џемјс со соиграчите решиле по утринскиот тренинг во „Медисон Сквер Гардерн“ со метро да се вратат во хотелот каде престојувале. Се измешаа со обичниот свет.

Висок два и кусур со брада и капуљача на глава, Леброн на прв поглед изгледал незгодно за луѓето кои во прв момент не сфатиле кои се и што се.

„Со автобус ќе се возевме 45 минути а со метро шест“, му вели Кајл Корвер на Леброн.

Дружбата била весела особено што Двејн Вејд се возел во шорцеви во време кога на снименото видео на Ченинг Фрај температурата покажувала -4 Степени во Њујорк. Но не било се така розово. До Леброн Џејмс седел еден маж кој откако влегол во кадар ја турнал камерата на Леброн со зборовите: „Може да не..“

Во еден момент Леброн ја врти камерата кон Охриѓанецот Џеди Осман и му се обраќа со: „Џедеее“.

Тоа бил стенд-ап-комичар Џејмс Мајк Енџело кој не знаел дека до него се вози најдобриот кошаркар на светот. Неговата реакција е чудна но и оправдана.

„Тоа беше прво нешто што ми се случи тоа сабајле. Уште не бев при себе, не го испив своето лате и не сакав да ме снимаат. Покрај тоа метрото е така светло“, се правдал случајниот сопатник на Леброн.

Другарите брзо му раскажале дека го снимал Леброн Џејмс и дека станал ѕвезда на интернет Енџело го посоветувал кошаркаркот дека ја нарушувал сликата за себе во јавен превоз. Снимил и пар видеа чисто да одговори на реакцијата на интернет.

Непознато е како Леброн ќе реагира на коментарите на Енџело кој вербално го нападна, но авантурата во метрото позитивно делуваше на Кавси кои го победија Никс 104-101 без разлика што имаа -23 негатива пред крајот на третата четвртина.

Леброн по правило растури со 23 поени, 9 скока и 12 асистенции.

На мечот дојде и до мало кошкање меѓу Енес Кантер од Њујорк Никс и Леброн Џејмс: