Како изгледал првиот и последен Ол-Стар меч и забивањата некогаш во Југославија

Единствениот натпревар на „Сите ѕвезди“ во легендарната југословенска кошарка, се одржал во сараевската сала „Скендерија" на 7 мај 1991 година. Се одржувал духот на братство и единство, но се приближувал ужасот на војната.

Преполна сала, дојдени Кукоч, Ѓорѓевиќ, Буква, Комазец, Табак, Бацаља, Пецарски, Даниловиќ, Паспаљ, Јуре Здовц, Авдиќ, Обрадовиќ, Перасовиќ и др.

Целиот спектакл бил организиран од медиумот Večernje novine, а екипите биле поделени во црвени и бели дресови. На трибините имало околу 7.000 гледачи а надвор останале најмалку уште толку поради ограничениот капацитет.

И покрај тоа што мечот на сите ѕвезди во југословенската кошарка се одиграл во предвечерје на страшната војна која ќе следува, духот на братство и единство сè уште бил присутен.

На натпреварот за најдобро забивање се појавиле: Кукоч (КК Сплит ПОП84), Пецарски (Партизан), Бацаља (Задар), Авдиќ (КК Босна). Токму на ова шоу, Кукоч забива од линијата за слободни фрлања. Од денешна перспектива овие забивања делуваат необични, а во тоа време (пред 28 години) биле спектакуларни. Наградата за најдобри забивања ја добил и МВП на Ол-стар мечот Тони Кукоч, далеку најдобар играч на теренот.

На натпреварот за 3 поени се појавиле: Комазец (Задар), Цвјетиќанин (Цибона), Обрадовиќ (Партизан), Перасовиќ (КК Сплит ПОП 84), Митровиќ (КК Босна). Во финалниот двобој, Аријан Комазец во неизвесна завршница го победил Данко Цвјетичанин и ја освоил наградата за најдобар тројкаш: