Графит на денот за господин 31.424 поени во НБА

Далас Маверикс синоќа имаше мистериозен Твит на кој ги имаше следниве бројки: 41.21.1. Многумина мислеа дека е оваа најава за негова пензија, но тоа значело нешто друго. Потоа царот имаше историска вечер. Го мина легендарниот Вилт Чембрлејн на листата на стрелци.

Кој не би сакал да му биде брат на оваа људина?

41 е бројот на неговиот дрес. 21 е бројот на сезони во НБА. 1 е единствениот тим за кои ги одигра сите сезони.

Тоа е всушност значењето на бројките на Твитот на Далас кој синоќа му се поклони за уште еден историски подвиг во неговата “вечна“ кариера.

Дирк Новицки постигна 8 поени против Њу Орлеанс и стана шести најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.

Ветеранот кој игра од времето на Џордан, Пипен и Родман го мина Вилт Чембрлејн и сега пред него има само петмина подобри стрелци. Претходно на вечната листа на стрелци мина легендарни имиња како Оскар Робертсон, Хаким Олајџивон и Шекил О Нил.

1. Карим Абдул-Џабар - 38.387 поени
2. Карл Мелоун - 36.928 поени
3. Коби Брајант - 33.643 поени
4. Леброн Џејмс - 32.439 поени
5. Мајкл Џордан - 32.292 поени
6. Дирк Новицки- 31.424 поени
7. Вилт Чембрлејн - 31.419 поени

Иако има 40 години се уште нема официјално потврдено дали ова ќе му биде последна сезона во кариерата и сите го чекаат неговиот последен збор.

Новицки е првиот играч од Европа што стартувал на Ол стар натпревар каде има вкупно 14 учества. Беше шампион со Далас во 2011-та, како и прогласен за МВП во финалето, а во 2007-ма МВП во регуларниот дел од сезоната.

Германецот роден во Вирцбург 1978-ма година, има еден куп рекорди што ќе останат врежани во алејата на славните кошаркари.

Историските поени на Новицки

Како му честитаа кога стана четвртиот кошаркар со 1.500 настапи во НБА лигата.

19 март 2019 - 11:32