Газдата на ПАО остави црвена танга на клупата на Олимпијакос

Скоро и никој да не се сеќава кога последен пат се судриле двата најголеми грчки спортски колективи, а да не се случило срање. Во полуфиналето од Купот, во ОАКА Арената каде домаќин е Панатинаикос, гостите излегоа од теренот и ја напуштија салата револтирани од судењето.

Дербито Панатинаикос - Олимпијакос е прекинато после првото полувреме. Овојпат причина не како што секој би помислил, дивеење на хулиганите, туку поради наводен лош третман кај судиите.

Причина за ова било што во првите 25 секунди на „црвено-белите“ од Пиреја им биле досудени дури три лични грешки.

Кошаркарите на Олимпијакос прво долго време останале во соблекувална, подолго од што е предвидени а на крајот ја напуштиле салата.

Резултатот во тој момент бил 40:25 за Панатинаикос кој оди во финалето на Купот а Олимпијакос веројатно драстично ќе биде казнет.

Кулминација на лудилото беше моментот кога ексцентричниот газда на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос додека играчите на Олимпијакос биле во соблекувалните, на клупата им оставил црвена танга:

13 февруари 2019 - 23:37