Зошто Вишаи беше толку ценет во Лестер

Тајландскиот тајкун кој загина викендов во хеликоптерска несреќа не е како сите милијардери кои влегоа изминативе години во фудбалот. Тој беше човек со визија, но и покрај тоа што даваше многу пари, не поставуваше високи цели. Се издвои најмногу по широкото срце со кое го обедини градот.

- Вишаи Шриваданапрабха ги исчисти долговите на Лестер од 100 милиони фунти.

- Донираше милион фунти во универзитетот на Лестер.

- Донираше милион фунти во болницата на Лестер.

- Донираше 2 милиони фунти за нова болница.

- Изгради тим кој освои титула во Премиер лига за што коефициентот беше 5.000.

- За време на промоцијата во Премиер лига ги почести пиво сите 30.000 навивачи кои беа на стадион.

- По завршувањето на вечерата со клубот, сите членови од стручниот штаб ги покани да одат заедно во казино и им даде по 1.000 фунти за да си ја пробаат среќата.

- Човекот кој со својот Лестер направи чудо во Премиер лигата, едноставно го обедини градот.

За првата средба со Раниери

30 октомври 2018 - 15:29