Газдата на Валенсија го отпушти најуспешниот тренер, зошто одбил менаџерски комбинации

И покрај тоа што на клубот од Местаља првпат после 11 години му донесе вреден пехар, и покрај тоа што две години по ред ги внесува во Лига на шампиони во пеколна конкуренција, тренерот Марселино доби шут-карта.

„Мистер, ви посакувам се најдобро. Сигурен дека сè ќе биде во ред, каде и да одите, и дека ќе ве остават да работите. Фала ви што го направивте овој клуб уште поголем и ште ме направивте мене подобар фудбалер“, напиша капитенот и најдобар играч на Валенсија, Дани Парехо на Твитер.

Валенсија со Марселино Гарија Торал играше во формација 4-4-2 без голем посед на топка, но прикажуваше убав фудбал. Марселино Гарсија Торал стана првиот тренер во 7 години кој издржал две сезони на клупата на Валенсија.

Со него на клупата Валенсија го освои Кралскиот Куп на Шпанија откако ја совлада Барселона во финалето, стигна до полуфинале на Лига Европа и две сезони по ред како четврти во Ла Лига отидоа во Лига на шампиони.

Сето тоа не беше доволно сопственикот на клубот, контроверзниот Питер Лим да го избрка Марселино. Пораката од капитенот Парехо беше јасна, тој му посака успех и плус таму каде што ќе оди да го остават да работи, како алузија за тоа што му правеле на „Местаља“.

Марселино поддршка добил и од шпицот Родриго кого управата по секоја цена сакаше да го продаде во Атлетико Мадрид летово, но тренерот го блокираше трансферот, поддршка даде и Хозе Луис Гаја, дете на клубот, како и Денис Черишев.

Кога Марселино по отказот се вратил во базата по своите лични работи, таму го чекале капитенот Парехо и Родриго.

Маестралниот Дани Парехо кај ниту еден тренер не ја покажа својата класа како кај Марселино Торал, кој успеа да го ослабне пет киограми, кој се скарал со сопругата на Парехо која го оставала непрестано да јаде и како резултат на тоа Дани стана мајстор со 7 гола и 7 асистенции пред две сезони и 9 гола и 7 асистенции лани.

Првиот повик во репрезентацијата на Шпанија, Парехо го доби на 29 години! И се благодарение на својот учител. 

За 2 сезони со Марселино, шпицот Родриго постигна толку голови колку што немал претходно во цела кариера: 24 предминатата сезона и 29 минатата. Првпат во репрезентацијата го повикаа во 2014 година и влезе како замена на Светското.

Летово Атлетико Мадрид за Родриго понуди 60 милиони евра.

Навивачите се во шок по отказот кој го добил Марселино. Тој не само што го донесе првиот трофеј после цели 11 години, туку важи и за многу харизматичен и добар човек. Често одел со навивачите на пиво, бил другарски настроен кон екипата, славел голови со нив и тагувал после секој пораз.

Марселино доби отказ од сосптвеникот Питер Лим после 3. коло во Ла Лига (3 бода на 3 меча исто како и Барселона).

Отказот стигна на три дена пред гостувањето на „Камп Ноу“ и една недела пред мечот со Челси во ЛШ на „Стемфорд Бриџ“. 

ЗА ШТО ТОЧНО ГО ОТПУШТИЛЕ МАРСЕЛИНО ТОРАЛ?

Причините не се фудбалски. Оваа одлука е на сингапурскиот сопственик на Валенсија - милијардерот Питер Лим кој го купи клубот (го спаси од банкрот и гаснење) во 2014 година и се здружи со најпознатиот агент на светот Жорже Мендеш.

Во текот на овие 5 години, Валенсија ја тренираа и во неа играа клиенти на контроверзниот португалски менаџер. Пример Нуно Еспирито Санто е најблизок другар на Мендеш и тој со Валенсија играше до групната фаза на ЛШ, а подоцна Гери Невил исто другар на Мендеш за малку не ја испадна Валенсија во сегунда.

Главните претензии на Питер Лим во владеењето се авторитарноста и оддалеченоста. Тој управува со „лилјаците“ од Сингапур, а управата мора да се справува со одлуките на Лим од далеку. На пример во 2017-та година Чезаре Прандели замина од Местаља затоа што му го ветија Симоне Ѕаѕа но не го донесоа. Го купија дури кога Италијанецот замина.

Кога Лим се дистанцирал од раководството и им дал на Шпанците да работат со клубот, прво се појавил спортскиот директор Матео Алемани, а потоа тренерот Марселино и сите трансфери: Кондогбија, Гуедеш, Нето, Паулиста, Коклан, Черишев, Цилесен итн.

Односот пукнал летово, кога Марселино и Алемани го договориле трансферот на фудбалерот од среден ред на Барса Рафиња Алкантара (брат на Тиаго од Баерн) и втор братучед на шпицот Родриго.

Лим без никаква причина го блокирал трансферот и на крај Бразилецот заврши во Селта Виго, а Марселино жестоко настапи по крајот на преодниот рок:

„Се чувствувам како секој на кого му зборуваат едно а потоа прават друго. За раст на екипата ни треба универзален играч во среден ред. Рафиња беше приоритет од крајот на минатата сезона. Сега ќе ни биде тешко да го освоиме четвртото место (како минатата сезона). Атлетик , Реал Сосиедад и Бетис се засилија и за разлика од нас нема да играат во евро-купови. Екипата не ни е комплетирана“, рекол Марселино.

Исто така Питер Лим се согласил да го продава Родриго во Атлетико Мадрид за 60 милиони евра, а Алемани и Марселино рекле дека напаѓачот и е преку потребен на екипата.

Родриго на крај остана во Валенсија, но не без последици: Лим го отпушти тренерот Марселино и докажал дека може шо сака. На Сингапурецот, наводно не му се допаѓало кога му противречат. Не му се допаѓало ни што Марселино имал 20 помошници (сите свои луѓе). Но клучно било што Алемани и Марселино ги игнорирале клиентите на неговиот другар Жорже Мендеш.

Борбата за власт ја изгубија Марселино и Алемани а на крајот ја доби Мендеш. Но Валенсија е најголем губитник во целата приказна.

КОЈ ДОЈДЕ НАМЕСТО МАРСЕЛИНО?

Нов тренер на Валенсија е Алберт Селадес кој веќе се појави на прес-конференција на која зборувал за младите играчи и за неговата филозофија.

Селадес е поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Барселона, има 43 години. Беше селектор на јуниорската и младинската селекција на Шпанија, а беше и во штабот на сениорите на Светското 2014 и 2018.

Селадес е човек на Жорже Мендеш. Португалецот во 2014 лично инсистирал Лопетеги да стане главен тренер на Порто со Селадес како негов помошник, а менаџер на Селадес му е Карлос Бусер, ортак на Мендеш.

12 септември 2019 - 15:43