Златан ги попари со лудачки хет-трик ЛА и Вела со се тренерот

Да не се фати човек со Ибра ни на терен, ни на интервју, бидејќи тоа што ќе го каже за себе ќе го докаже на терен. Ладнокрвно, без проблем и тоа во градско дерби, баш онака јуначки како што умее.

Златан Ибрахимовиќ е од ново во центарот на вниманието, а и кога не бил? Успеа со хет-трик да го сруши градскиот ривал Лос Анџелес и да му донесе триумф на Лос Анџелес Галакси од 3:2.

Тоа не го прави он како секој друг, туку спекталуарно со јаки голчишта, особено првиот кој е за најавна шпица.

Прво за издвојување е што головите ги даде со десна, лева и со глава, а второ тоа што двата за противникот ги постигна Карлос Вела со кој само што го споредуваа и се гадно се зезнаа.

Одиме со човекот роден за шоумен.

Десна

Глава

Лева

Потоа малку и балканската откако на крај се срчна со противничкиот тренер

Оди речи му нешто после мечов

Како новинарот се зезна што го праша за Вела и како помина неговиот деби настап за Галакси токму на градското дерби.

20 јули 2019 - 18:02